[Aggregator] Downloaded image for imported item #45511

ЗНМ повикува на одмерена и професионална комуникација со новинарите

image

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја следи реакцијата во јавноста по комуникацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со новинарката Фросина Факова Серафиновиќ од „Слободен печат“ за време на вчерашната прес-конференција, пренесена и од медиумите. Оваа реакција се однесува на јавната изјава на министерот Тошковски упатена кон колешката Факова, наместо одговор на поставеното прашање, во која тој рече: „како не ми праќате пораки во дванаесет ипол по полноќ, во еден ми праќате“.

Според ЗНМ, ваквите примери се потсетник дека комуникацијата меѓу јавните функционери и новинарите треба да биде внимателна, одмерена и на ниво што ја зајакнува довербата на јавноста.

Важно е да се истакне дека новинарите имаат легитимно право да поставуваат прашања за теми од јавен интерес, а носителите на јавни функции имаат одговорност да одговараат на начин што придонесува за транспарентност, заемна почит и достоинствена јавна комуникација.

ЗНМ потсетува дека професионалниот однос кон новинарите е важен предуслов за непречено информирање на јавноста, особено кога станува збор за прашања што се од значење за безбедноста, одговорноста на институциите и владеењето на правото.

Во таа насока, ги охрабруваме сите носители на јавни функции, вклучително и министерот Тошковски, во иднина да придонесуваат кон конструктивна комуникација со новинарите, без лични квалификации и без изјави што можат да се протолкуваат како навредливи.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор