[Aggregator] Downloaded image for imported item #45310

28 години братско живеење

Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија.

Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби и недоразбирања, нашите две извиднички единици се договорија да соработуваат и да работат на унапредувањето на извиднчкиот дух, љубовта кон природата и младинските активности. Како одреди и понатаму ги надминуваме временските, територијалните и јазични бариери и понатаму без резервно ги продлабочуваме извидничките активности, се со цел да го издигнеме на највисоко ниво извидничкото братство помеѓу нашите два града Велес и Ниш, нашите две држави Република Србија и Република Македонија.

Со нашите активности во овие 28 години заеднички средби на извидници, школи за обука, смотри и останати заеднички одредски активности на братско живеење докажавме дека можеме да ги воспитуваме младите на полето на образованието и воспитанието на младите во духот на основните принципи и методи на извидничкото движење.

The post 28 години братско живеење appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор