ГОии Вистински дела на љубезност и Новинари за човекови права Ве покануваме на завршната конференција на проектот „Мобилизација на заедницата во борба против гладот“ преку ВСС Ефект. Настанот ќе се случи на 26 Февруари 2020 г., со почеток во 10 часот, во хотел Порта, Скопје.

ПРЕЗЕМИ АГЕНДА

На конференцијата покрај дебата за предизвикот – донирање храна, ќе ги објавиме и резултатите од Мапирањето и истражувањето за состојбата со донирање/фрлање храна на оние кои ја продаваат, а кое беше спроведени преку проект „Мобилизација на заедницата во борбата против гладот“.

Настанот е дел од активностите на проектот под наслов „Мобилизација на заедницата во борба против гладот“, поддржан преку програмата за мали грантови на проектот „ВСС ЕФЕКТ: Градење капацитети и подобрување на надлежностите за ублажување (со храна) на сиромаштијата“, финансиски поддржан од страна на Европската комисија. Ве молам за потврда за присуство на настанот на detstvo@detstvo.org.mk, најдоцна до 24 Февруари.