Заврши „Европската фудбалска недела“ на Специјална олимпијада Македонија

Заврши „Европската фудбалска недела“ на Специјална олимпијада Македонија

 

Нафудбалскиот терен на Ф.К. Работнички во Скопје во присуство на повеќе од 70 атлети и 50 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје и Тетово, вчера, 26.09.2020 заврши одбележувањето на 20 – тата Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија, која годинава се одржа во рамки на Европската недела на спорт.

Европската фудбалска недела 2020 е иницијатива на Специјална олимпијада, која традиционално се одржува во мај,но оваа година како последица на пандемијата е поместена за септември. Но, бидејќи годинава сé е поинакво од вообичаено, глобалните настани добија и нова димензија, оние што се одржуваат во живо добија намален формат, а другите беа префрлени онјалн во форма на кампања #FacesofFootbal, пионерска дигитална платформа за фудбалерите со и безинтелектуална попреченост низ Европа, нивните тренери и поддржувачи.

Специјална олимпијада Македонија, годинава одлучи да се придружи во одбележувањето на Европската фудбалска недела на двата начина, со физичко присуство и онлајн.

 

„Изолацијата која ја искусивме за време на карантинските денови, за лицата со интелектуална попреченост е секојдневие. Рестрикциите придонесоа да се засили чувството на маргинализација кај овие лица. Имајќи го на ум значењето на средбата во живо за лицата со интелектуална попреченост, одлучивме Европска фудбалска недела првенствено да биде со настан во живо, почитувајќи ги сите протоколи кои беа посочени од Комисијата за заразни болести, а потоа искуството со фудбал да го префрлиме на дигиталната платформа– вели Драган Караџовски, национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

 

Неодамнешното истражување кое го направи Специјална олимпијада покажува дека лицата со интелектуална попреченост низ Европа се соочуваат со неопходност од основни потреби: 20% од атлетите немаат доволно храна, 15 % немаат безбедно место за живеење, 35 % од атлетите на училишна возраст немаат пристап до образование или учење на далечина. Во меѓувреме 75% од атлетите низ Европа се чувствуваат многу повеќе изолирани за време на пандемијата од Ковид19, од вообичаеното.

 

„Предизвиците со кои се соочуваат нашите атлети, нас не мотивираат активностите кои ги преземаме да ја подобрат целокупната нивна состојба, а преку спортските активности да го одржиме нивниот дух“ – продолжува Караџоски.

 

Европската фудбалска недела годинава се одржа во рамки на Европската недела на спорт организирана од Агенцијата за млади и спорт кои дадоа безрезервна поддршка во нејзината реализација. Амбасадорот на Европската недела на спорт, Жарко Батиќ беше задолжен за загревање на атлетите, пред официјално да започнат со фудбалските вежби на четирите полигони.

Реализацијата на активностите на Специјална олимпијада Макеоднија е поддржана со институционален грант на ЦивикаМобилитас.

 

СпецијалнаолимпијадаМакедонијавоземјаваеформиранаво2003 годинаподакредитацијанаСпецијалнаолимпијада, којаеоснованаодЈунисКенедиШрајверво1968 годинаиденесброи6 милиониатлетиијунифајдпартнериво190 земјиширумсветот. Подмотото„Дозволимидапобедам, ааконеможам, дозволимидабидамхрабарвообидот“ организацијатавоземјатајаостварувасвојатамисија, атоаедаовозможиспортскинатпревариитренинзиворазличниолимпискиспортовизадецаивозраснисоинтелектуалнапопреченост, давајќиимпостојаниможностидајаразвијатфизичкатакондиција, дапокажатхраброст, искусатрадостидаучествуваатвосподелувањенавештини, знаењаипријателствасонивнитесемејстваиостанатитеатлетинаСпецијалнаолимпијадаизаедницата.

 

 

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор