евротинк

Онлајн сесија на ЕВРОТИНК: Затворот како втора шанса

ЕВРОТИНК – Центарот за европски стратегии организираше онлајн сесија каде што се дискутираше за улогата на граѓанскиот сектор во процесот на затворање на „кругот на насилство“ и подготовка на затворениците за враќање во своите заедници.

Говорничка на настанот беше Мариет Форму де Сартел, основачка на „Brilliance Inside”, невладина организација од Соединетите Американски Држави која е посветена на трансформација на затворите од центри на насилство во центри за рехабилитација, реинтеграција и позитивна промена.

За време на настанот, г-а Сартел го сподели своето искуство од работата со жителите од државниот затвор Донован во Сан Диего. Активностите на оваа организација вклучуваат организација на TEDx настани во затворот, како и програми за личен раст и развој на затворениците и прекин на кругот на насилство.

Видеото од одржаната работиница ќе биде објавено наскоро.

Повеќе информации за организаторот на настанот видете на info@eurothink.mk.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор