ДРУШТВО ЗА ПОМОШ НА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЗРАК
Објавено: 24/02/2021
Буџет обезбеден од Цивика мобилитас: 301.500 МКД
Времетраење: 01.03.2021 – 30.11.2021 (9 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Млади лица со попреченост и со типичен развој од Општина Велес.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
УМЕАМ, МОЖАМ, КРЕИРАМ, ТВОРАМ
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Лицата со попреченост наидуваат на повеќе проблеми и потешкотии во секојдневниот живот. Еден од водечките проблеми е недоволната или воопшто никаква вклученост на овие лица во повеќе сегменти на општественото живеење, вклучувајќи разни културни и уметнички настани и активности.
Со овој проект, реално би ги вклучиле лицата со попреченост во повеќе сегменти на општественото живеење. Тие ќе стекнат нови искуства и вештини, ќе се чувствуваат корисни во нивното секојдневно опкружување, ќе постигнат поголема самодоверба и сигурност, а од друга страна, сограѓаните ќе имаат можност да ги увидат способностите, можностите и креативноста на лицата со попреченост, односно, да ги надминат постоечките предрасуди.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Подобрување на општествената/ социјалната инклузија на младите лица со попреченост преку нивно вклучување во шестмесечни инклузивни работилници и онлајн курсеви со нивните сограѓани (мини клубови).
Специфична цел/и:
- Оспособување на лица со попреченост за конкретни творечки активности;
- Промовирање на творечките способности на лицата со попреченост во пошироката јавност.
РЕЗУЛТАТИ
- Опкружување (околина) за граѓанското општество: Граѓанските организации заедно со нивните члeнови ќе развиваат стратегии и механизми за заедничка соработка и делување на локално и национално ниво;
- Граѓански ангажман: Граѓанските организации создаваат силни конституенти и со тоа овозможуваат активен граѓански ангажман во граѓанските иницијативи, вклучително и волонтерство (претставници од самите ГО и од бизнис секторот ќе продолжат волонтерски ќе учествуваат во утврдување на стратегии за социјална интеграција).
АКТИВНОСТИ
- Формирање проектен тим составен од координатор и асистент на координатор, членови на ДПЛПП Зрак и тим за поддршка составен од двајца специјални едукатори кои ќе бидат придружници и поддршка на лицата со попреченост на работилниците и другите настани од проектот;
- Набавка на ДСЛР фотоапарати и еден полупрофесионален фотоапарат;
- Формирање мини библиотека и обезбедување на 30–40 наслови од различни жанрови од страна на Клубот на писатели;
- Организација и реализација на шестмесечен курс по фотографија за млади лица со и без попреченост;
- Организација и реализација на шестмесечен курс за пишување проза, поезија и драмски текстови за млади лица со и без попреченост.