21 02 2026

ЈА ЗАВРШИВМЕ ДВОДНЕВНАТА ОБУКА ЗА МОНИТОРИНГ НА ВОДАТА ОД СТРАНА НА ГРАЃАНИТЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ВОДАТА!

Во партнерство со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), успешно ја реализиравме дводневната обука насловена како „Обука за мониторинг и застапување во управувањето со водите“, одржана од 20 до 21 февруари 2026 година во хотел „Гарденија“, Велес.

Обуката беше организирана во рамките на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“, финансиран преку шемата за подгрантови на проектот „Добро управување во животната средина за Зелената агенда за Западен Балкан“, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Вкупно 28 учесници учествуваа на обуката, вклучувајќи претставници на локални и национални организации на граѓанското општество, неформални иницијативи и екоактивисти, како и активисти од Американскиот мировен корпус. Учесниците доаѓаа од повеќе општини и градови, вклучувајќи ги Скопско, Куманово, Велес, Кочани, Градско, Демир Капија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Богданци и Гевгелија, овозможувајќи размена на искуства и дискусија за различни локални предизвици поврзани со водите.

Клучни теми и практична работа

Програмата комбинираше експертски придонеси со интерактивна групна работа. На првиот ден, учесниците добија преглед на законската рамка за управување со водите, институционалните одговорности и координација, како и правните механизми поврзани со пристапот до информации, учеството на јавноста и пристапот до правда. Силен практичен фокус беше ставен на мониторингот на водата од страна на граѓаните и примената на методологијата SVAP (Протокол за визуелна проценка на потоци) како достапна алатка за теренска проценка и документирање на состојбите во потоците и речните коридори.

Вториот ден се фокусираше на застапување и лобирање засновано на докази, како и на комуникациски алатки за претворање на наодите од мониторингот во практични препораки за институциите и јавноста. Учесниците работеа во групи за да изготват бриф за политиката и соопштение за медиумите/јавноста, добивајќи практични упатства за структурирање на препораките, развивање јасни пораки и подготовка на материјали за јавна презентација.

Следни чекори

Повратните информации од учесниците покажаа високо ниво на задоволство и силен интерес за примена на новостекнатите знаења, со посебно внимание посветено на методологијата SVAP и модулот за застапување и комуникација. Обуката постави солидна основа за следната фаза од проектот, вклучувајќи пилот-акција за мониторинг во сливот на реката Вардар, идентификација на критични жаришта и развој на наоди и препораки што ќе бидат презентирани пред институциите и пошироката јавност на наменски јавен настан.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор