Втора регионална средба на жените од руралните заедници од Кратово, Крива Паланка и Куманово
Во Кратово се одржа Втората регионална средба на жените од руралните заедници од Кратово, Крива Паланка и Куманово, во рамките на проектот „Активни жени“, спроведуван од ХЗ Мајка Куманово, во партнерство со РЦОР Кратово, РЦС Спектар од Крива Паланка и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија Куманово.
Средбата ја истакна видливата трансформација и напредокот на жените од руралните средини кои сѐ повеќе се охрабруваат активно да ги артикулираат своите проблеми, да ги адресираат до локалните власти и да се вклучат во процесите на креирање локални политики. Преку едукација, поддршка и вмрежување, учесничките го зајакнуваат своето знаење, самодоверба и капацитети за застапување.
Учесничките ги презентираа резултатите од досегашните активности во рамки на проектот, со посебен осврт на нивните иницијативи и веќе доставените предлози до општините за буџетските програми за 2026 година. Овие активности претставуваат важен чекор кон поголемо учество на жените во донесувањето одлуки и развојот на заедницата.
Посебно беше нагласена важноста од регионално поврзување и споделување искуства, со цел создавање мрежа на солидарност и заедничко делување. Жените активно спроведуваат локални иницијативи кои придонесуваат за подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и животната средина.
Проектот „Активни жени“ продолжува да претставува платформа која го поддржува гласот на жените, охрабрува иницијативи и ја зајакнува улогата на жените во руралните средини.
Оваа средба е во рамки на проектот „Активни жени“. Проектот се спроведува од страна на Хуманитарно Здружение „Мајка“ од Куманово во партнерство со Регионален центар за соработка Спектар / RCC Spectar, Здружение Регионален центар за одржлив развој – Кратово и Фондација за развој на мали и средни претпријатија – Куманово, а финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia (Владата на Швајцарија) преку програмата Civica Mobilitas.
#CivicaMobilitas#CHinMK#activewomen#активнижени
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово




![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43965](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/website-featured-image-7-768x432.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43810](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/363-768x404.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43801](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/istrazuvanje-vo-fokus-768x512.jpg)