Во Топ Тема, Благица Петрески зборуваше на актуелни економски теми

📌 Растот на цените беше скоро целосно воден од #надворешни фактори во текот на 2022 година. Меѓутоа, кога тие цени започнаа да бидат во значајна надолна линија … тие падови не се пренесоа соодветно во домашната економија. Во делот на храната, домашните фактори се сведуваат на #здружено дејство на трговците и, некаде, на производителите/преработувачите, во насока на одржување на цените.
📌 Замрзнувањето на цените се покажа неопходно во услови кога пазарите се квази-конкурентски и треба во разумен, фиксен рок да го смири таквото однесување.
📌 Сепак, тука има и домашен сегмент – работната сила, чија цена порасна во меѓувреме. Според наша неодамнешна анализа, главен притисок врз цената на трудот врши недостигот на кадар на пазарот, а втор фактор е минималната плата.
📌 Ние како Finance Think бевме први уште од почетокот на годинава укажувајќи на вакви тенденции на здружување со цел одржување на цените, и уште тогаш повикавме да се вклучи и Антимонополската комисија, согласно своите надлежности, меѓутоа да има проактивен пристап.
📌 Севкупно, дизајнот на мерки треба да биде системски дизајниран и таргетиран.

The post Во Топ Тема, Благица Петрески зборуваше на актуелни економски теми first appeared on Finance Think.

The post Во Топ Тема, Благица Петрески зборуваше на актуелни економски теми appeared first on Finance Think.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор