Screenshot

Во општините од североистокот недостасува засолниште, кризен центар и СОС линии за жртвите на семејно насилство

Во шесте општини од североисточниот регион недостигаат засолниште, кризен центар и СОС линии за жените жртви од родово базирано и семејно насилство, покажува анализата на невладините организации од Куманово. Постоечките програми од социјална заштита не ги препознаваат жртвите на насилството, како лица во социјален ризик, се наведува во анализата на Националниот ромски центар, Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Здружението „Мајка“.

Според истражувањето, шесте општини од североистокот немаат развиено мерки и издвоени средства за заштита на ваквите жртви. Постои само едно советувалиште, кое функционира во рамки на Центарот за социјални работи Куманово. Анализата на НРЦ покажува дека пет од вкупно шест општини во североисточен регион, немаат развиено и усвоено социјален план на општината што ги ограничува можностите на општините да ги следат состојбите со родово-базираното и семејното насилство на локално ниво, да ги идентификуваат потребите на жртвите, како и достапноста на услуги и стратешки да планираат воспоставување на специјализирани услуги за помош и поддршка за жртви на семејно насилство.

Програмите од областа на социјалната заштита на општините не ги препознаваат жртвите на родово базирано и семејно насилство како лица во социјален ризик. Ниту една општина од регионот нема развиено конкретни мерки и издвоено буџетски средства за заштита на жртвите на семејно насилство во рамки на програмите од областа на социјалната заштита, ниту предвидено финансиска поддршка за даватели на специјализирани услуги за жртви на насилство.

– Освен специјализирано советувалиште за жени и деца во Куманово, нема други сервиси кои можат да им дадат поддршка на жените жртви од семејно насилство. Недостигаат сервиси, немаме во целост достапни информации како да се работи на помош и поддршка како и превенција, немаме достапна СОС линија, нема центри за згрижување, привремен престој на жените жртви на семејно насилство како и кризни центри во североисточниот регион. Тоа е сеопфатен систем на заштита не само да си ги измениме законските регулативи, рече Ана Аврамовска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Во мај 2019 година е донесен е Законот за социјална заштита, во него се регулираат сите овие права и услугите што треба да се обезбедат, да им бидат достапни на сите граѓани, меѓу кои и жените жртви на родово и семејно насилство.

Таа посочи дека имаме нов закон за спречување и заштита на жртви од семејно насилство, веќе точно една година како активно се применува, а ние, вели, сè уште немаме видлив напредок од специјализираните сервиси кои во декември 2019 година ги отвори Министерството и тука застана целокупната работа.

– Не само од државата, туку и локалните власти ги имаат обврските да подготват социјални планови, да ги мапираат проблемите кои ги имаат и се карактеристични и треба да ги унапредат социјалните услуги за помош и поддршка на жртвите жени и деца на родово базирано и семејно насилство, рече Аврамовска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Во североисточниот плански регион, функционираат два меѓуопштински центри за социјална работа во Куманово и Крива Паланка и еден центар за социјална работа во Кратово, кои обезбедуваат права и услуги во согласност со Закон.

Според анализата, локалните самоуправи се должни да креираат локални политики и програми за заштита на жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство соработувајќи со сите релевантни чинители на локално ниво (центрите за социјална работа, полициски станици, здравствени установи, предучилишни и образовни установи) со цел, превенција на родово базирано и семејно насилство и заштита на жртвите, и во оваа насока да имаат директна соработка и со здруженијата на граѓани.

Локалните самоуправи се должни да воспостават или да поддржат здруженија кои ќе ги обезбедуваат специјализираните услуги за жртвите на родово базирано и семејно насилство, пред сè засолништа и советувалишта за жртви и во оваа насока да обезбедат финансиски средства за функционирање на специјализираните услуги.

– Жртвите на семејно насилство заслужуваат суштински права, кои, за жал со години им се ускратени и не им е дадена можноста да го живеат животот со своите деца, во подобра иднина, кажа при презентацијата на анализата, Ашмет Елезовски, извршен директор на Национален ромски центар Куманово.

Општ заклучок е дека ниту една општина во рамки на североисточен плански регион нема развиено конкретни мерки и издвоено буџетски средства за заштита на жртвите на родово базирано насилство во рамки на програмите од областа на социјалната заштита, ниту предвидено финансиска поддршка за даватели на специјализирани услуги за помош и поддршка на жртви, а жртвите на семејно насилство главно не се препознаени во рамки на акциските и стратешки документи во домен на социјалната заштита

– Бараме локалните власти од североистокот да креираат политики и програми за заштита на жените жртви и да обезбедат средства за функционирање на специјализираните сервиси, кажа Лидија Илиевска од здружението „Мајка“.

Важно е општините од североистокот да работат на креирање на локални политики за спречување на родово-базираното и семејно насилство и на тој начин да ги исполнат обврските кои произлегуваат пред сè од ратификуваната Истанбулска Конвенција и Националниот Акциски План. Општините треба да развијат мерки за превенција на родово-базираното и семејно насилство и мерки за заштита на жените и децата жртви кои ќе ги интегрираат во социјалните планови, програмите за социјална заштита или да развијат посебни програми за спречување на насилство, да развијат социјален план, стратешки документ, за следење на состојбите, идентификување на потребите на жртвите и планирање активности за воспоставување на специјализирани услуги за жртвите.

Куманово и општините да обезбедат финансиски средства и директно да соработуваат со граѓанските организации на кревање на јавната свест и обезбедување услуги за економско јакнење на жртвите.

– Општина Куманово, како најголема општина во североисточен плански регион, се очекува да биде општина лидер во процесот на финансирање и воспоставување на специјализирани услуги за жртви на родово базирано и семејно насилство во регионот, и во оваа насока таа треба да воспостави меѓуопштинска соработка со општините од североисточен плански регион, со цел обезбедување на специјализирани услуги за помош и поддршка на жените и деца жртви на родово базирано и семејно насилство од регионот, се вели во препораките од анализата.

Меѓу главните препораки е општините од североистокот да обезбедат средства за функционирање на 17 семејни места кои ќе послужат како кризен центар за жртвите.

Продолжи со читање

  • Покана за учество на информативни сесии за повик за грантови

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативните сеси за Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација , во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на: На инфо-сесиите ќе имате можност да дознаете:✅ кои се целите на повикот,✅ како да аплицирате,✅…

  • ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија

    Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека годинешниот Извештај на Европската унија за напредокот на Северна Македонија,  нотира згрижувачки наоди, особено во делот кој се однесува на недискриминацијата, родовата еднаквост и положбата на граѓанското општество. Извештајот недвосмислено укажува дека земјата го одложува усогласувањето на принципите на недискриминација во сите релевантни закони, што претставува сериозен чекор […]
    Read More… from ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија
    The post ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…

  • Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

    Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење. Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да […]

  • BOOST проектот ја зајакнува граѓанската иницијатива низ Западен Балкан

    BOOST проектот, регионална иницијатива предводена од ALDA и финансирана од Agence Française de Développement (AFD), постигнува значајни резултати во зајакнувањето на граѓанското општество низ Западен Балкан. Преку националната шема за подгрантови, BOOST избра по десет влијателни проекти во секоја од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна…

  • Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

    Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]
    The post Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025 first appeared on Metamorphosis.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор