рурална коалиција

Потпишан меморандум за соработка и вложување во руралниот развој со општина Пласница

Јакнењето на партнерствата и соработката со локалната самоуправа и понатаму останува еден од клучните темели врз кои што Рурална Коалиција ја гради политиката и стратегијата за локален и рурален економски развој.

Денес ја имавме таа чест, да потпишеме меморандум за соработка со општина Пласница, ОПШТИНА ПЛАСНИЦА а во насока на унапредување на локалниот и рурален развој и унапредување на квалитетот на живот на локалното население.

Свесни сме дека сме мали како општина, но настојуваме да го дадеме нашиот максимум да придонесеме кон развојот на заедницата од која што сите ние сме дел. Соработката со граѓанските организации, бизнис секторот и останатите чинители на нас како општина треба да ни овозможат креирање и имплементација на активности кои што ние не можеме да ги постигнеме со средства од буџетот на општината, посочи градоначалникот на општина Пласница, г-динот Алија Јаоски.

Локалниот и рурален развој се двата клучни сегменти кон чија што поддршка сме насочени ние како организација која што делува во секторот земјоделство и рурален развој. Нашите села сеуште може да дадат многу, а тоа е особено видливо и значајно овие денови кога се соочуваме и со војна во светот и со недостиг на жито, сончоглед, пченка, сето она што се одгледува под ова поднебје, па една од нашите заеднички цели треба да биде како да се поврземе сите меѓусебно и заеднички да придонесеме и кон развој, но и кон промоција на руралните средини, со што пак директно ќе може да придонесеме и кон унапредување на квалитетот на живот во локалната заедница, спомена извршната директорка на организацијата, Liljana K. Jonoski.

Меморандумот за соработка ќе ја зацврсти меѓусебната соработка и ова е уште еден доказ дека меѓусекторските и меѓуинституционалните партнерства се најдобриот начин како заеднички да се делува во насока на унапредувањето на локалниот и рурален економски развој.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор