Untitled Design (5)

Вклучена заедница за отпорност на корупција

Сузбивањето на корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите и активна соработка со граѓаните и граѓанските организации е клучно за зајакнување на довербата во локалната самоуправа, а токму дигиталните технологии можат да помогнат за ефективна борба против корупцијата на локално ниво.

Ова беше пораката испратена преку тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ кој се одржа на 16 октомври во Граѓански ресурсен центар во Скопје, во организација на Фондација за интернет и општество Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, во рамки на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво (ДИГИЛОК) – Вклучена заедница за отпорност на корупција“ финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fmetamorphosis.foundation%2Fvideos%2F1629851490960201%2F&show_text=false&width=560&t=0

Целта на форумот беше да се поттикне акција против корупцијата, обединувајќи претставници од институциите, локалната самоуправа, граѓански организации, активисти, експерти, граѓани и медиуми во заедничка борба заснована на инклузивност и соработка.

Александар Кржаловски, Национален тим лидер на Програмата Цивика мобилитас и директор на Македонски центар за меѓународна соработка го воведе настанот објаснувајќи ја целта на Цивика мобилитас програмата и нагласувајќи ја вредноста на проектот ДИГИЛОК како и работата на партнер-организациите во борбата против корупција.

Во своето воведно обраќање, Бардил Јашари, Извршен директор на Фондација Метаморфозис објасни дека за целисходна дигитална трансформација треба придобивките од неа да се достапни до граѓаните. Тој истакна дека токму ова е причината зошто Метаморфозис работи на овој процес, нагласувајќи дека со помош на Индексот на отвореност се бориме против корупцијата со тоа што граѓаните имаат целосен увид во работата на институциите.

На форумот беа претставени последните наоди од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2024 година. И со мало подобрување, нивото на отвореност на локалната самоуправа останува ниско, како што потврдуваат наодите од Индексот на отвореност според кој просекот на отвореност на сите 81 единица на локална самоуправа изнесува 37%.

Тони Коњановски Градоначалник на Општина Битола која беше прогласена за најотворената локална самоуправа според Индексот на отвореност, ја нагласи важноста на соработката со граѓанскиот сектор. Тој истакна колку е важно да се разбере одговорноста на локалните власти кон граѓаните и како тие како општина се трудат да бидат поотворени и да ги вклучуваат граѓаните во сè поголем број од важните одлуки.

На форумот беа претставени и придобивките од дигиталната алатка мЗаедница, вклучувајќи ги новите перформанси за консултации со граѓаните и утврдување на приоритетите на заедницата.

Драган Ананиев, Секретар на Општина Кочани која воедно е и корисник на мЗaедница, ги објасни придобивките од користењето на оваа платформа особено во борбата против корупцијата. Тој објасни дека иако апликацијата има повеќе разновидни услуги поделени по сектори, граѓаните најмногу ја користат за пријавување на проблеми со комунална хигиена.

Информации за проектот

Проектот „Дигитална трансформација на локално ниво (ДИГИЛОК) – Вклучена заедница за отпорност на корупција” e проект на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ од Скопје што се спроведува во партнерство со „Рурална коалиција“ од Кичево и Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-2“ од Скопје. Проектот финансиски е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Проектот поддржува активното вклучување на заедницата во градење на силна отпорност кон корупцијата на локално ниво. Кога заедницата проактивно ги следи и бара одговорност од локалните власти, создава силен екосистем кој ја намалува корупцијата. Така се негува култура на транспарентност и одговорност, што го спречува напредокот на коруптивните практики и придонесува кон поправедно локално управување.

Оваа вест изворно е објавена на сајтот на Рурална коалиција Кичево 

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор