20180313 MOF vest

Викендов беа избрани најдобрите дебатери почетници

Младински образовен форум викендов го организираше Националното дебатно првенство за почетници на кое се натпреваруваа стотина дебатери од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп, Струга и Куманово. Победници на овој турнир беа дебатерките: Калина Михајловска, Христина Цветановска и Бисера Шегмановиќ, кои доаѓаат од училиштата Никола Карев, Јосип Броз – Тито и Васил Антевски – Дрен.

Второто место го освоија дебатерките Антонија Димитровска, Јелена Сиљаноска и Ана Бојаџиевска. За најдобра индивидуална говорничка беше избрана Христина Цветановска, втора говорничка беше Марија Јанева, а третото говорничко место го освои Ана Маркоска.

Главната теза на која дебатираа средношколците во World Schools дебатниот формат, презентирајќи аргументи за одбрана и побивање на тезата беше: „Овој Дом Верува Дека важни здравствени одлуки за децата треба да се носат од медицински професионалци наместо од нивните родители.“
На турнириот се дебатираше и на уште две импромпту тези (тези кои не се однапред најавени):
„Овој Дом жали за подемот на Фејсбук“ и „Овој Дом би вовел задолжително тестирање за родителство“.

Националното дебатно првенство за почетници дебатери имаше за цел да обезбеди натпревар базиран на организирана и аргуметирана дискусија, за дебатерите кои оваа година за прв пат посетуваат предавања по дебата. Во овие неколку денови младите средношколци ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираа за квалитетот на здравството, улогата на фармацевските компании и родителите во животот на младите и начините како да се подобри состојбата на повеќе нивоа, почнувајки од самите млади до институционални механизми достапни на државата. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, почетниците дебатери ги продлабочија своите знаења.

Првенството се одржа во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци”, а финалната дебата на која се натпреваруваа најдобрите дебатни тимови се одржа во Големата сала на Советот на Град Скопје.

Младинскиот образовен форум е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор