Вкупен буџет: 4.000.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

МОФ е основана во 1999 и е активна национално со активности во: Скопје, Тетово, Кичево, Дебар, Струга, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Неготино.

Визија: Македонија е интегрирано општество во кое постои развиена критичка мисла, слобода на изразување и квалитетно образование кое гради активни граѓани. Младите во Македонија се суштински вклучени во одлучување и спроведување политики и се лидери во промоција на аргументирана дискусија и во почитување на човековите права и слободи.

Мисија: МОФ е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младинските права и политики. МОФ ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите. Активностите се реализираат преку 4 програми: Дебатана програма, Учиме право програма, Програма за истражување, анализа и креирање младински и образовни политики, Програма за младински активизам.

Конституенти

Млади, средношколци и студенти, од 14 градови во Македонија. Конституенти се: обучувачи и волонтери, корисници, организатори на акции. Други конституенти се: професори, младински организации, активисти, средношколски заедници, локални младински совети; претставници на општини, училишта, факултети и други организации.

Претходно искуство/проекти

Поттикнување на дебата, слобода на изразување, промоција и заштита на права на млади и поддршка на активности на 14 младински центри и соработници; унапредување на младинските политики, формите на младинско учество и младинското здружување; промовирање на слобода на информирање, изразување и критичко размислување преку поддршка на Радио МОФ; зајакнување на капацитетите на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво; воспоставување на формални принципи на комуникација помеѓу младинските структури и општините и помагање на нивното директно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво; зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики насочени кон заедницата поврзани со локални младински политики; заживување на граѓанското учество во политичкиот и општествениот живот; поддржување на граѓанското општество активно да се залага за демократски реформи и подобрување на соработката и здружувањето во граѓанскиот сектор со цел зајакнување на граѓанската одговорност.

Веб страница