[Aggregator] Downloaded image for imported item #42635

Велешките извидници учесници на манифестацијата Боренка на Светскиот ден на волонтери

На 5 Декември 2025 год. (петок) на Светски ден на волонтерите беше најмоќниот завршеток на оваа Боренка сезона. На оваа последната акција за оваа година во Гоцева Шума, учествуваа 230 волонтери од сите региони на Македонија заедно садеа, создаваа и инспирираа.
Членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учествуваа со десет извидници.
На оваа акција се приклучија волонтери од Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и припадници на Армијата на Република Македонија, кои со својата поддршка и енергија придонесоа за уште посилно финале. Акцијата Боренка, во организација на Национални шуми и Сојуз на извидници на Македонија, покажа колку е силна заедницата кога се обединува околу една цел – обновување на природата.

Пошумувањето беше спроведено со поддршка од проектот GEF6 – Одржливо управување со земјиштето, Министерството за животна средина и просторно планирање и UN Environment Programme. Со стотици нови садници, илјадници часови волонтирање се затвори оваа Боренка сезона горди на заедничкиот придонес.

The post Велешките извидници учесници на манифестацијата Боренка на Светскиот ден на волонтери appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор