[aggregator] downloaded image for imported item #40910

Велешките извидници – речни номади чувари на природата

Во периодот од 3-4.10.2025 год. Велешките извидници кои се нарекуваат  речни номади и чувари на природата ја реализираа мини регатата преку која младите извидници  стануваат лидери преку зајакнување на локалните институции и придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните и општествено одговорни лица во промоцијата  на слободата на изразување, човековите права и интеграцијата како и двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество со акцент на развиениот рурален туризам како алатка за промоција на младите и останатите граѓани во општествените процеси во носењето на одлуки, ќе се  креира простор за слободно изразување на мислењата и погледите на младите.

Оваа активност која се нарекуваше Велешките извидници – речни номади чувари на природата имаа за цел да го промовира течението на реката Вардар на потегот Таорска клисура – Зелениково – Велес како еден од нај убавиот дел од реката Вардар. Во рамките на оваа пчовидба имаше 24 извидници сместени во пет чамци.

Велешките извидници сакаат да ги идентификуваат и можните и потенцијалните загадувачи на реката Вардар на овој потег. Овие 34 километри воден пат за 24 извидници воедно беше и можност за спортско-рекреативни активности од типот на пливање и веслање наменето за младите извидиници. Во текот на веслањето ќе се постават и 15 еко табли со еколошки попраки кои треба да ја зголемат е еколошката свест на сите кои се движет по брегот на Вардар.

Оваа активност е во рамки на глобалната иницијатива Champions for Nature Challenge и проектот Green Skills Rising, Сојузот на извидници на Македонија каде се дава поддршка на млади извидници кои се подготвени да преземат локални еколошки иницијативи и да бидат двигатели на позитивна промена во своите заедници.

Овој повик имаше за цел да ги охрабри младите да иницираат мали, но влијателни акции кои ќе придонесат кон заштита на природата, практикување на одржливи решенија и унапредување на своите зелени вештини.

Champions for Nature Challenge е глобална иницијатива развиена од Светската организација на извидничкото движење (WOSM) во партнерство со UNICEF. Оваа програма е дел од пошироката рамка Earth Tribe и има за цел да ги поттикне младите да станат активни учесници во заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Програмата се фокусира на две главни области: „Подобри избори“ (Better Choices), која се однесува на развој на одржливи навики и одговорна потрошувачка, и „Природа и биодиверзитет“ (Nature and Biodiversity), која се фокусира на заштита и зачувување на природните екосистеми.

The post Велешките извидници – речни номади чувари на природата appeared first on Scout Veles.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор