вебинар

Вебинар: Реформската агенда и влијанието врз бизнис заедницата

Што значи Реформската агенда за македонските компании? Како најавените реформи ќе влијаат врз пристапот до финансии, регулаторните процедури, дигитализацијата и зелената транзиција?  

Токму на овие прашања со посебен фокус на развојот на приватниот сектор и подобрувањето на деловното окружување, беше посветен информативниот вебинар организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во рамките на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“, поддржан од Фондација Отворено општество – Западен Балкан. 

Настанот, реализиран во соработка со Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, отвори простор за практична дискусија за тоа како реформските процеси се преточуваат во конкретни услови за работа на бизнис заедницата и како приватниот сектор може поактивно да се вклучи во нивното следење и спроведување.

Вебинарот опфати презентација и практична дискусија за клучните реформски мерки што се однесуваат на малите и средни претпријатија, вклучително подобрување на регулаторната рамка, пристапот до финансии, дигиталната трансформација, намалувањето на неформалната економија и зелената транзиција. Дополнително, беа обработени и пошироките реформи што имаат значајно влијание врз деловното окружување – развојот на човечкиот капитал, дигитализацијата на јавните услуги и институционалните промени насочени кон создавање постабилна и попредвидлива деловна средина.

На вебинарот учествуваа претставници на компании, мали и средни претпријатија, стопански организации, институции, како и експерти и практичари од областа на економскиот развој и јавните политики. Целта беше да се зголеми информираноста и разбирањето на реформските процеси, но и да се поттикне поактивна улога на бизнис заедницата во нивното следење и имплементација.

Настанот е дел од пошироките активности на проектот, чија главна цел е подобрување на комуникацијата и зголемување на свесноста за опипливите придобивки од реформите што треба да придонесат кон унапредување на квалитетот на живот и деловното опкружување во нашата држава, со фокус на зајакнување на економската интеграција со Единствениот пазар на ЕУ и поттикнување на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор