Супер кул настан овој четврток во Kaffeine


The post 📣 Ве покануваме на супер кул настан овој четврток во Kaffeine appeared first on Finance Think.
The post 📣 Ве покануваме на супер кул настан овој четврток во Kaffeine appeared first on Finance Think.
Градоначалникот на општина Сарај, Иљас Весељи и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Александар Кржаловски, денес, 30 мај 20205 година, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот вклучува размена на податоци и спроведување на неколку активности посветени за засилувањето на отпорноста на локалните заедници, и подобрување на соработката на општината и граѓанските организации. Активностите ќе вклучат соработка и зајакнување на Локалниот совет за превенција, настани во заедницата, активности со млади, работилница за наставници, размена на искуства и сл. Дел од Меморандумот се и партнерските организации на МЦМС, Нексус-граѓански концепт и Плиадес кои ќе спроведуваат дел од активностите.
МЦМС и општина Сарај соработувале и во претходните години тогаш на проекти поврзани со подобрувањето на инфраструктурата во општината и зајакнување на капацитетите на вработените во општината и во јавните претпријатија. Досегашната соработка не прави оптимисти за успешно спроведување на активностите кои се насочени кон подобрување на животот на граѓаните на општината.
Активностите што ќе бидат спроведени се дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува Глобалниот фонд за ангажман и отпорност на заедниците (ГЦЕРФ).
Следно >
Поврзани:
Во рамки на проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“, во месеците април и мај успешно беше реализиран дел од караванот за еднаквост.
Со караванот проектот ефективно ги ангажира членовите на заедницата за подигнување на свеста за клучните прашања за родова еднаквост и промовира значаен дијалог и акција за родова еднаквост и благосостојба на заедницата. Караванот беше поставуван во центарот на 5 општини (Прилеп, Долнени, Могила, Новаци и Кривогаштани) во овој период.
Во центрите на општините беа поставувани штандови за промоција на проектот, со банери и промотивни материјали. Истовремено, се емитуваа аудио текстови за проектот и активностите поврзани со него. Со локалното население се среќаваа претставници на проектот, како проектни координатори, волонтери, правник и психолог, кои им даваа бесплатни услуги на граѓаните. На овие настани се договараа и понатамошни средби и обезбедување помош во иднина.
На настаните беа поделени промотивни флаери на македонски, ромски, албански и турски јазик. Поставени беа пораки за родова еднаквост, а беа споделени и приказни од учесниците.
За време на караванот, покрај средбите во центарот и пренесувањето на искуствата, тимот на проектот реализираше прошетки низ населените места, делејќи промотивни материјали во институции како општини, училишта, продавници, амбуланти и аптеки — места каде што локалното население има поголема фреквенција.
„Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“ е проект на Центарот за граѓанска иницијатива – Прилеп што се спроведува во партнерство со Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ од Прилеп и Мултиетнчничко здружение за сите воздрасти од с. Црнилиште, Долнени. Проектот е подржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
МОФ е младинска организација која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, поттикнување активизам, заштита и унапредување на младинските права и политики.
Денес на настанот организиран од @Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ ја претставивме студијата „Подобрување на бизнис продуктивноста: Сеопфатна анализа на продуктивноста и нејзините двигатели во фирмите во Северна Македонија“ Студијата нуди длабински увид во состојбата со продуктивноста на фирмите, преку анализа на вкупната факторска продуктивност. Идентификувани се клучните…
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и организацијата Плиадес, заедно со Општина Чаир, на 26 мај 2025 година ја организираа работилницата „Активни локални совети за превенција – отпорни заедници“.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во своето обраќање ја нагласи суштинската улога на ЛСП како механизам за рана интервенција и градење на безбедна заедница. Тој подвлече дека е потребна координација помеѓу сите нивоа на власт, како и систем за размена на информации помеѓу државните и локалните институции. Ганиу истакна и дека најавените измени во Законот за локална самоуправа, кои предвидуваат воспоставување на локална полиција, може отворат нови можности за поефикасна локална превенција.
За Калтрина Зеколи Шаќири, членка на ЛСП во Општина Чаир и актуелен заменик-министерка за транспорт, ЛСП се столб на локалната координација и превентивно дејствување. Според неа, потребно е тие да добијат појасен институционален статус, со законска поддршка и јасни механизми за соработка со сите надлежни институции на локално и национално ниво. Зеколи Шаќири особен акцент стави на младите како клучна и чувствителна група, кај која превентивниот пристап мора да биде интегриран и континуиран. Таа нагласи дека ангажманот не смее да се сведува само на формалното образование, туку треба да вклучува и спортски, културни и воспитни активности, преку кои младите би ја зајакнале својата отпорност кон ризици и негативни влијанија.
На настанот учествуваа претставници од општинската администрација, образованието, верските заедници, како и дел од членовите на ЛСП. Тие разговараа за потребата од посистематско функционирање на Локалниот совет за превенција, неопходноста од меѓуопштинска соработка, размената на информации, потреба од поголема видливост и вклучување на повеќе чинители – како граѓански организации, училишта и верски институции – во процесите на локална превенција.
На работилницата беа мапирани неколку групи проблеми како и ризиците кои ги предизвикуваат. Учесниците зборуваа за безбедноста во училиштата, булингот, сајбер булингот, за дискриминацијата, семејното насилство, мобилизацијата на квалитетни човечки ресурси, инфраструктурата, сообраќајот, ангажманот на граѓаните, особено на младите итн. Следниот чекор од оваа работилница е преточување на дел од дискусиите во план за работа и конкретни активности за Локалниот совет за превенција.
Работилницата е еден сегмент од пошироките заложби за унапредување на локалните механизми за справување со општествени и безбедносни предизвици во заедниците и е организирана како дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плиадес“.
Следно >
Поврзани:
На 21.05.2025 година во просториите на ОУ Никола Карев во Крушево тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – втора фаза” реализираше отворен ден со граѓанските организации и граѓаните, како дел од Мобилниот ресурсен центар во општина Крушево.
Целта на средбата беше локалните организации да се информираат за актуелните случувања за развој на граѓанското општество на национално ниво, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Покрај граѓанските организации на настанот беа присутни и претставници на општинската администрација, млади активисти и волонтери и претставници на бизнис заедницата што соработуваат со граѓанските организации.
Лефкија Гажоска, претседателка на Социо-економскиот центар за туристички услуги-Феел Крушево (Feel Krushevo), здружение кое претставува локална платформа за развој на туризам, истакна дека нивниот фокус е промоција на производство на локални еко-производи, но исто така и дека е запознаена и го следи ГРЦ со што нивниот пристап до информации е многу олеснет.
На средбата беа присутни и неколку претставници на организации на кои главен фокус им се младите, дел формирани неодамна, но и организации кои постојат повеќе од 25 години. Андигона Антеска, преставничка на ГО Центар за хумани односи, Крушево која е една од овие организации, истакна дека истите добиваат поддршка од општината со простор и опрема, како и финансиска поддршка и ја поздрави посетата на ГРЦ во Крушево бидејќи, како рече, како мала општина, граѓанските организации имаат потреба од повеќе вакви средби каде ќе имаат можност да се информираат за актуелните случувања поврзани со развојот на граѓанското општество. Драган Јанкоски, претставник на Здружението за локален развој Академик од Крушево сподели дека имаат имаат искуство во меѓународни проекти, како и соработка со општината во многу проекти, а токму со еден таков проект изграден е детски забавен парк до спомен-куќата на Тоше Проески. Граѓанските организации од Крушево се вмрежуваат и соработуваат регионално, добиваат помош од општината и Домот на Културата со простор и поддршка при организација на настани, но изјавија дека за жал недостига интерес и поддршка од граѓаните.
Посетата на Крушево ја завршивме со краток состанок со градоначалникот Томе Христоски, кој ја потврди поддршката и соработката со граѓанските организации кои се отчетни и транспарентни во својата работа. За остварување на соработката на граѓанските, меѓународните, хуманитарните и други организации со општинската администрација е одговорно Одделението за Локален економски развој и прекугранична соработка. Општината нема посебна Стратегија за соработка со граѓанските организации, туку тоа е дел од Стратегијата за локален економски развој на општина Крушево 2023-2027, но во општинскиот буџет има алоцирано средства за финансирање на активности на локалните организации, кои се доделуваат на отворен повик за финансирање на активности на здруженија на граѓани.
Исто така, општината има Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените, како и Службеник за млади.
Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.
< Пред Следно >
Поврзани:
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.