„В џеб, ако нема каде друго“ – еко акција во Етно Село

„В џеб, ако нема каде друго“ – еко акција во Етно Село

Под мотот „В џеб, ако нема каде друго“, активистите на Движењето ЛЕАД, со поддршка на учесници и волонтери, на 28 Октомври, сабота, излегоа на терен за чистење на Етно Село од отпадоци.Целта на ваквите акции е да се крене јавната свест за зачувување на животната средина. Активистите затоа и носеа капи со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор