Промоција на проектот СЛИКАЈ, ПОСТИРАЈ, АЛАРМИРАЈ !
Објавено: 26/10/2017
Со вчерашното едукативно предавање на тема: „ПМ честички во воздухот – континуиран убиец на сите нас“, Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од Цивика Мобилитас, го започнува проектот „Сликај, постирај, алармирај!“.
Цел на проектот е подигање на свеста кај младите и сите граѓани на Битола за штетното влијание од загадувањето на воздухот со ПМ честички, активно учество на граѓаните во идентификација на аерозагадувачите и алармирање на надлежните институции и пошироката јавност во градот.
Повеќе информации на: http://tera.mk/slikaj-postiraj-alarmiraj/