„В џеб, ако нема каде друго!“ – акција за чистење на Градскиот парк во Скопје

„В џеб, ако нема каде друго!“ – акција за чистење на Градскиот парк во Скопје

Ова беше првата од планираните седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината, во наредните седум месеци.Група млади активисти и волонтери, од различна етничка припадност, вчера го исчистија Градскиот парк во Скопје од отпадоци фрлени надвор од местата предвидени за тоа. Акцијата е во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго!“, во организација на Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД.

– Задоволни сме од тоа како течеше акцијата. Покрај групата активисти организирана од наша страна, во акцијата се приклучија и други лица присутни во Градскиот парк. Особено нѐ прави среќни тоа што ни се приклучуваат и деца, затоа што кај нив е најбитна свеста за штитење на околината, како и развивањето на меѓуетничката толеранција, имајќи предвид дека меѓу активистите се говореа разни јазици – рече Вјоса Ајдини, претседателка на Движењето ЛЕАД.

Ова беше првата од планираните седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината, во наредните седум месеци.
Со оваа акција започна втората фаза на Преоктот „В џеб, ако нема каде друго!“. Првата се реализираше на Водно во текот на минатата година.

Покрај расчистувањето на локациите, акцијата има за цел и да ја крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти носеа маици со слоганот „В џеб, ако нема каде друго!“. Акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Проектот е поддржан од Програмата Цивика мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор