[Aggregator] Downloaded image for imported item #42711

Учество на работилница “Еко муабети“

На ден 11.12.2025 год. (четврток) успешно се одржа работилницата „Еко Муабети“, организирана од еко-одборот на гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и групата средношколци „Зелени Борци“. На настанот учествуваа претставници од „Зелена Народна Стража“, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, како и ученици и професори од гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и ученици од ДСУ „Коле Неделковски“ – Велес. Настанот го водеше Михаил Здравковски кои воедно е и член на извиднички одред “Димитар Влахов“, кој се погрижи за динамична и пријатна атмосфера, а целиот настан беше фотографски документиран од Љубе Лазов, чиј објектив ги овековечи најубавите моменти од работилницата. Покрај него учество земаа и нашите членови Иван Гушев и Љупче Неделковски.

Работилницата започна со претставување на целите и правилата за работа, по што следеше кратка интерактивна игра за запознавање и поттикнување на тимски дух. Потоа преминавме на дискусија, каде учесниците разменија мислења за екологијата, еколошките предизвици во Велес, односот кон природата и начините на кои секој поединец може да придонесе за чиста и здрава средина. По кратката пауза, учениците поделени во групи снимаа кратки видеа посветени на различни „еко навики“ во секојдневниот живот. Работилницата ја заокружи Андреј Божиновски со едукативната игра „Погоди која земја“, во која групите ученици одговараа на прашања така што ги креваа знамињата на државите што ги сметаа за точен одговор. Овој настан уште еднаш покажа дека кај младите постои силна мотивација и искрена желба за создавање позелена, почиста и поодговорна заедница. Нивната енергија, креативност и подготвеност за делување се најдобриот доказ дека иднината може да биде поодржлива – доколку продолжиме да учиме, да соработуваме и да се бориме заедно.

The post Учество на работилница “Еко муабети“ appeared first on Scout Veles.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

  • Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите

    Ја изразуваме нашата длабока разочараност поради предлагањето нов член на Судскиот совет на РСМ од редот на истакнати правници кои ги избира Собранието на РСМ само неколку дена пред започнување на собраниската постапка за донесување на новиот Закон за Судскиот совет. Иако измените на овој закон долго време се подготвуваа како резултат на претходните случувања […]
    Read More… from Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите
    The post Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Младински дијалози во Скопје

    Младинските дијалози се одлична можност за директно согледување на потребите на младите во Македонија. Низ интересен разговор помеѓу младите, претставници на НВО секторот, претстaвници на институциите и заинтересирани граѓани, вчера ја спроведовме активноста – Младински дијалози во Млади Хаб Скопје. Голема благодарност за активното учество и споделувањето на сопственото искуство до Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM комшиLOOK Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia MladiHub Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни” Линк до фотографии:

  • Учество на одредската слава на ИПО “Јадран“ – Св.Климент

    Старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на старешината на ИПО “Јадран“ од Скопје земаа учество на одредската слава на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје. Славата се одржа во извидничкиот дом в о село Катлановска Брезица на 8.12.2025 год. На нашите браќа извидници им…

  • ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО

    Инспирација во секој чекор. На 10.12.2025 година, во Општина Неготино се одржа свечен настан на кој им беа доделени сертификати на курсистките кои успешно ги завршија бесплатните обуки за шминкер како и за  маникир и педикир. Ова доделување претставува посебен момент, бидејќи Неготино е веќе седмата општина во која успешно ги реализиравме овие обуки. Со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор