[Aggregator] Downloaded image for imported item #47987

Учениците покажаа дека био-отпадот може да стане ресурс и зелена бизнис можност

На 28 мај во Градски парк – Школка во Скопје се одржа завршниот настан на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој во изминатите две години ги обедини учениците, наставниците, граѓаните, општините и граѓанските организации околу темата за одржливо управување со био-отпадот и развој на циркуларна економија.

Настанот беше организиран од Здружението Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, при што беа презентирани резултатите од проектот, ученичките зелени бизнис идеи и производите создадени преку реупотреба на био-отпад.

Во рамки на настанот беа доделени награди за трите најуспешни зелени бизнис идеи за реупотреба на био-отпад, а учениците од општините Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров презентираа практични и иновативни решенија за искористување на органскиот отпад како вреден ресурс.

„Особено нè радува што младите денес се носители на оваа позитивна промена. Нивната енергија, ентузијазам, иновативност и визија се доказ дека иднината може и треба да биде поодговорна кон природата“, изјави Тамара Радовановиќ Анѓелковска, проектен координатор од Здружение „Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија“

Кирил Ристовски од здружението на граѓани Флорозон истакна дека младите денес не се само публика на која ѝ се зборува за заштита на животната средина, туку активни учесници кои имаат идеи, знаење и волја да создаваат промени.

„Особено охрабрува фактот што учениците преку своите зелени бизнис идеи покажаа дека био-отпадот не мора да биде проблем, туку може да стане ресурс. Токму ваквиот пристап е суштината на циркуларната економија – отпадот да се намали, повторно да се искористи и да се претвори во нова вредност“, посочи Ристовски.

На настанот присуствуваше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Саракинов истакна дека проектот имал значајно влијание врз младите, но и врз институциите и носителите на одлуки.

„Проектот ги обедини учениците, наставниците, граѓаните и партнерските организации кои во изминативе две години беа дел од активностите насочени за подигнување на јавната свест и поттикнување практики за одржливо управување со органски отпад. Токму овој проект ги отвори видиците не само кај помладите, туку и кај нас возрасните, не само како родители туку и како политички фактори и одговорно можам да кажам дека Општина Карпош ќе продолжи да учествува и спроведува вакви и слични проекти кои ќе имаат за цел да ја подигнат јавната свест за селекција на отпадот и циркуларната економија преку управувањето со органскиот отпад“, истакна Саракинов.

„Кога младите ќе препознаат можност таму каде што другите гледаат отпад, тогаш започнува вистинската промена кон одржливо и одговорно општество“, изјави Стефани Пренкова, проектен координатор од Еко Логик.

Во рамки на проектот, учениците од Општина Карпош го селектираа и подготвуваа органскиот отпад за добивање компост кој се користи за раззеленување на училишните дворови. Во наредниот период, покрај Општина Карпош, ќе се работи и на воспоставување систем за селектирање и одржливо управување со био-отпад во Општина Ѓорче Петров и Општина Кисела Вода, со цел проширување на добрите практики и поттикнување на циркуларната економија и во другите локални заедници.

Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ е имплементиран од Здружение Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија со цел да придонесе за постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со био-отпад со стекнување практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор