цивил

ЦИВИЛ за пописот на населението: Осуда на политизацијата, повик за учество и поддршка на процесот

ЦИВИЛ – Центар за слобода спроведува мониторинг на процесот спроведување на пописот уште од денот кога започна процедурата за негово одржување, односно подготовките за Законот за попис на населението, донесен во јануари 2021 година.

На денот на почетокот на пописот, 5 септември 2021 година, ЦИВИЛ го соопштува ставот, оценките и препораките на Организацијата до граѓанките и граѓаните, јавноста, институциите и сите останати.

Конечно, по речиси две децении, ќе се одржи попис на населението кој нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на луѓето, на институциите, на бизнисот и на општеството во целост. ЦИВИЛ високо ја оценува работата на институциите, во прв ред, Државниот завод за статистика и смета дека институциите се подготвени, процесот е добро организиран и е во согласност со мерките за заштита од КОВИД-19.

ЦИВИЛ остро ја осудува политизацијата на статистичката операција Попис 2021 и им посакува успешна работа на попишувачите кои ќе започнат со работа на терен од денеска, 5 септември.

Повиците на бојкот се кривично дело. Структурите што повикуваат на бојкот на пописот имаат цел да се стекнат со политички профит, на сметка на јавниот интерес. ЦИВИЛ ја повикува јавноста да го отфрли и осуди таквото несовесно политичко дејствување.

Политичките партии, без исклучок, треба да го поддржат пописот преку јавни повици и комуникација со своето членство.

ЦИВИЛ ги повикува и медиумите и граѓанското општество да помогнат во реализацијата на оваа важна статистичка операција со јавни повици и коректно известување.

Попишувачите се повикани строго да ги почитуваат здравствените протоколите, како професионалните стандарди за попишување.

Учеството на граѓанките и граѓаните е граѓанска обврска, регулирана со закон.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во оваа статистичка операција.

Граѓанките и граѓаните можат да пријавуваат незаконски дејствија и нерегуларности во текот на спроведувањето на пописот и во ЦИВИЛ.


Контакти: 02/5209176 (работни денови, од 9 до 17 часот), www.facebook.com/civil.mk, civil@civil.org.mk

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор