Центарот за иновации и развој Инос Прилеп во рамките на проектот “Истражувај на тема: Корона вирусот – тест за дигиталното општество” одржа предавање на тема Вовед во методологија на истражување. Предавањето го одржа Спиро Лазароски, докторант на Стафорширд Универзитет Англија со долгогодишно искуство во научно-истражувачката работа и објавени голем број на научни трудови во домашни и меѓународни научни списанија.

На предавањето учесниците беа запознаени со основите на методологијата на истражување, дефинирањето проблем, цели и хипотези на истражување,како и со методите и техниките на истражување кои можат да ги користат при изработката на нивните истражувачки проекти во рамките на Повикот за истражувачки проекти на тема: “Корона вирусот – тест за дигиталното општетсво” . Исто така им беа споделени неколку практични совети при пишувањто на истражувачките проекти.