Screenshot

ЦЕА Судија: Ковид-19 и Општините во Северна Македонија

Општините и Ковид-19 во Северна Македонија: Импликациите врз јавните финансии кај општините

Пандемијата Ковид-19 донесе ткн. „нова“ реалност, нов начин на функционирање прво на секојдневниот живот на граѓаните, а потоа и на граѓаните како економски агенти, па оттука и  функционирање на локалните власти не се исклучок од ваквата ситуација. Ова особено, бидејќи локалната власт т.е. општините се најблиску до граѓаните и се во „првата линија“ за давање на одговор на кризата со Ковид-19. Општините беа и сè уште се сведоци на финансиските потешкотии при обидот да одговорат на итните потреби на граѓаните, а истовремено да обезбедат континуитет во давањето на услуги на граѓаните во кризни ситуации.

Новата студија на ЦЕА дава преглед на импликациите врз јавните финансии на ЕЛС во Северна Македонија во првите три квартали од 2020 година, прави споредба со претходните период и дава препораки за следниот период.

Клучните прашања и одговори кои се разгледуваат во студијата се:

Кои се прелиминарните влијанија на Ковид-19 кризата врз локалните финансии на приходната страна кај ЕЛС во РСМ?

Сопствените приходите на општините во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18% споредено со претходната година во истиот период, и се пониски за 1,5 милијарди денари (или 24,6 милиони евра). Падот на приходите е предизвикан од пад на прибраните приходи од даноци на имот, даноци од специфични услуги и вршење на дејност. 

Дали системот на меѓувладини односи ги адресира промените предизвикани од Ковид-19 пандемијата?

 – Системот на меѓу-владини трансфери ги адресира промените во приходите кај ЕЛС предизвикани со Ковид-19 пандемијата преку интервенција со уредбата за распределба на трансферите од данок на додадена вредност. Со носење на уредба за промена на начинот на распределба трансферите од ДДВ за следната 2021 година, приходите планирани за следната година нема да претрпат значителни промени.

 Кои се финансиските потреби, а се појавуваат како јаз од Ковид-19, за општините да одговорат на надлежностите кои им се пренесени со законите и уставот?

 -И покрај ефектите од Ковид-19 врз финансиите на општините, кумулативно за сите 81 ЕЛС во РСМ, нема дополнителна потреба за задолжување поради значителните заштеди од нереализираните капиталните расходи од капиталните планови на општините.

Повеќе во интегралната СТУДИЈА: Општините и Ковид-19 во Северна Македонија: Импликациите врз јавните финансии кај општините

The post ЦЕА Судија: Ковид-19 и Општините во Северна Македонија appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор