рурална коалиција

Тркалезна маса на тема „Дали личиме на ЕУ?“

Во соработка со проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“, како и локалното здружение за родова еднаквост “Еманципирана Жена“, Рурална Коалиција во Кичево одржа тркалезна маса на која што се иницираше дебата кои практики и механизми може да се применат во насока на унапредување на практикувањето, заштитата и мониторингот врз човековите права на локално ниво вклучувајќи ги тука и руралните средини.

Како поттик за дебатата беше емитувањето на документарната емисија 8: „Родова еднаквост – улогата на жената во општеството„ снимена во рамки на проектот „Дали личиме на ЕУ“.

На дебатата преовладуваше ставот дека еднаквоста на локално ниво ја уживаат и мажите и жените и дека единствениот критериум врз основа на кој што треба да се прави разликата или селекцијата е способноста, капацитетите на личноста и способностите.

Сепак беше исто така нагласено дека потребни се унапредувања на системот кои ќе им овозможат и на младите девојки и жени да се надоградуваат како од аспект на мајки и родители, така и од аспект на градење на кариера и активен работен живот.

Институциналните механизми за заштита од дискриминација и понатаму остануваат непрепознаени на локално ниво, а исто така како една од бариерите кои што беа споменати беа традиционалните норми и стереотипи за улогата на жената во општеството, а беа наведени и разликите во платите за иста функција кои што повеќето ги увиделе во приватниот сектор меѓутоа сеуште никој не реагира и не превзема ништо за таквата состојба.

Флексибилноста, соработката, разбирањето на улогата на жената и во домот, но и на работното место, поддршката и од семејството но и од системот се единствениот начин за практикување на родовата еднаквост во секоја сфера на општественото живеење. Ваквите тркалезни маси ќе се организираат во 12 различни градови, а истите се финансирани во рамките на проектот „Дали личиме на ЕУ? – Филмско документирање за мониторинг и заштита на човековите права во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор