Трибина – Обезвреднување на трудот: Влошени работнички права, пререгулираност и стратегии за влијание

Левичарското движење „Солидарност“ има чест да ве покани на трибина и дискусија чија цел е презентација на клучните наоди од студијата „Обезвреднување на трудот 2: Анализа на трудово-правната легислатива во Република Македонија во периодот 2010-2014“. Трибината ќе се одржи на 18 февруари 2016 година, во просториите на „Солидарност“, на ул. Орце Николов бр. 166 (наспроти Центар за странски јазици), со почеток во 18.30 часот.

Студијата детално ги мапира и критички ги разгледува промените во трудово-правната легислатива на Република Македонија, при што се констатира влошување на работничките права и правната инфлација во трудовото законодавство која е причина за големата правна несигурност на работниците.

Наодите ќе бидат дискутирани во контекст на горливите прашања за состојбите со синдикалното организирање, социјалниот дијалог и заштита на работничките права во пракса. Истовремено, трибината ќе отвори простор за споделување искуства од досегашното дејствување на организациите и активист/к/ите за работнички права во Македонија, поконкретно искуствата од мобилизацијата на хонорарните работници, искуствата со организирање на работници од јавниот и приватниот сектор и искуствата и предизвиците со кои се соочуваат актерите кои стојат зад Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права.

Ве покануваме на темелна и критичка рефлексија на следните прашања: Кои се лекциите од работничкото организирање (институционално и вон-институционално) во периодот 2010-2015 и какви стратегии/ тактики за дејствување треба да се применат во годината што доаѓа за одбрана и унапредување на работничките права во Македонија?

Дневен ред:

18:30-19:15Критички осврт кон трудово законодавство и работничките права во пракса
Презентација на студија „Обезвреднување на трудот 2: Анализа на трудово-правната легислатива во Република Македонија во периодот 2010-2014“
– Дејан Лутовски и Ивица Костовски, автори
-Дискусија-
19:30-21:00Стратегии за работничкo за дејствување во услови на „заробена држава“: Лекции и предизвици за 2016
1) Дијалог на истомисленици: Кого ли претставуваат синдикатите во социјалните совети?
– Маре Анчева, Генерална секретарка на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија
– Анета Смит Гулева, синдикална активистка, членка на ЛД Солидарност
2) Остварување влијание при недостаток на политичка волја: Три клучни стратегии
– Јован Близнаковски, Програмски директор на Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје
3) Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права: Како понатаму?
– Тамара Чаусидис, Претседателка на Слободниот синдикат на новинари на Македонија
-Дискусија-

Настанот е поддржан од програмата Цивика мобилитас. Студијата е финансирана од Фондацијата Роза Луксембург.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор