Реализација на трета дијалошка средба

Трета дијалошка средба во рамки на проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“

Третата дијалошка средба, во рамките на проектот „Толкување на заедничката историја на современото време“ ја одржавме на 17, 18, 21 и 22 декември 2020.  Реализацијата на средбата беше преку користење на платформата ЗУМ.

Мировна акција и АНИМ, преку реализацијата на дијалошките средби, продолжуваат да се залагаат за остварување на специфичната цел од проектот: Зајакнати капацитети на наставниот кадар по историја од основните и средните училишта од Република Северна Македонија за критичко согледување на етноцентричните историски наративи и начините на кои се изведуваат часовите по историја.

Тренерскиот тим за оваа дијалошка средба беше во следниов состав: Мире Младеновки од АНИМ, Емрах Реџепи и Боро Китаноски од Мировна акција.

Оваа средба се одржа во специфични општествени околности, кои самите по себе се предизвик и природно влијаат врз работата на наставниот кадар, но и врз самиот проект. Така, во овој период Министерството за образование и наука ги најави реформите за основно образование, кои директно влијаат врз предметот историја. Исто така земјава се соочи со политички предизвик, а тоа е ново вето за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Поради спецификата на општествените текови и промени, во рамките на оваа дијалошка средба посветивме еден ден на дискусии за тоа како актуелните политички настани, влијаат врз работата во училиштето. Ценевме дека оваа дискусија е од исклучителна важност. Групата настапи со многу искрени и конструктивни согледувања на општествените текови но и даде осврт како овие предизвици влијаат како во училиштето, така и во училницата. Така еден од учесниците ќе истакне   „Потребен е широк консензус. Треба да се даде време за реформи. Да се согледаат недостатоците и на нив да се работи. Историјата дава можност за развој на критичко размислување“

На оваа дијалошка средба разговаравме и за тоа што придонесува кон изградбата на чувство на доверба. За оваа сесија, користевме три животни приказни од архивата на Мировна акција, како и документарниот филм „Испрекината црта“ во продукција на Центарот за ненасилна акција Белград/Сараево, во чие снимање учествуваа и активисти на Мировна акција. Преку разработка на трите животни приказни и документарниот филм,  групата имаше можност да отвори дијалог за изградба на доверба и за тоа што сè вклучува еден ваков процес во општеството.

Исто така имавме исцрпни сесии и за анализа на учебниците по историја. На 21 декември ја отворивме темата: Како би требало да изгледа едно соодветно (сестрано, реално, човечно и чесно) претставување на историјата?

Додека на 22 декември, ги анализиравме етничките херои кои се претставени во учебниците, улогата на жените во тој контекст и лоцирање на проблеми во материјата по историја, начинот на предавање и предлози за промени.

За секоја од реализираните дијалошки средби, тренерскиот тим продуцираше соодветна документација, која ќе биде еден од ресурсите за креирање на студија во рамките на овој проект.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор