Youthcan transparent logo 300x136

Тест-симулација на Национален протокол во Битола („Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“)

На 15 јуни, во просториите на Младинскиот центар „Сфера“ во Битола, успешно се реализираше тест-симулација за тестирање на Националниот протокол за справување со кризи, со учество на млади и претставници од Скопје, Кочани, Битола, Струмица и Гостивар.

Активноста беше организирана со цел практично да се тестира функционалноста на протоколот, како и да се провери неговата применливост во различни кризни сценарија преку интерактивен и партиципативен пристап. Наместо класична симулација, учесниците беа вклучени во специјално дизајнирана друштвена игра, која преку реални сценарија и предизвици ги стави во улога на носители на одлуки и актери во процесот на управување со кризи.

Во текот на тест симулацијата, учесниците работеа во тимови, анализираа различни ситуации, носеа заеднички одлуки и развиваа стратегии за координирано и навремено справување со кризни настани. Преку овој процес тие имаа можност да ги применат принципите и механизмите предвидени во Националниот протокол, истовремено идентификувајќи ги неговите предности, како и можните предизвици при неговата практична имплементација.

Посебна вредност на тест симулацијата беше можноста за размена на искуства и перспективи меѓу учесниците од пет различни градови, што придонесе кон подлабоко разбирање на важноста на меѓусекторската соработка, ефективната комуникација и навремената координација во услови на криза. Интерактивниот формат на друштвената игра поттикна активно учество, критичко размислување и заедничко решавање на проблеми, овозможувајќи им на учесниците на практичен начин да стекнат нови знаења и вештини.

Тест‑симулацијата претставува значаен чекор во процесот на евалуација и понатамошно унапредување на Националниот протокол за справување со кризи. Истовремено, таа ја нагласува важноста од активно вклучување на младите во процесите на подготовка, превенција и реагирање при кризни состојби, придонесувајќи кон градење поотпорни, поинформирани и подобро подготвени локални заедници.

Проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ се реализира од страна на Младите можат и Супортко Кочани, а поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Дисклејмер: Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Младите можат и Супортко Кочани и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младите можат

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор