[Aggregator] Downloaded image for imported item #48512

Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години

Скопје, 17 јуни 2026

Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка ја надградува претходната верзија која го мапираше економскиот напредок во периодот 2020–2024.

Платформата „КОМПАС“ (https://kompas.financethink.mk) ја следи реализацијата на вкупно 142 ветувања, распоредени во пет приоритетни области: економија и социјални прашања, образование, здравство, млади и родова еднаквост.

Вкупен напредок: Речиси половина од владините ветувања покажуваат напредок, но разликите меѓу секторите остануваат големи

По две години, КОМПАС регистрира мешана, но сепак позитивна слика на вкупно ниво. Речиси половина од ветувањата (48%) покажуваат некаков напредок – 25 се целосно реализирани (18%, подобрување од 5 п.п. во споредба со претходната година), а 43 се во насока на исполнување (30%). Сепак, 55 ветувања (39%) сè уште не покажуваат напредок, 9 (6%) се движат во спротивна насока, а за 10 (7%) сè уште нема доволно јавни податоци за оценка. (Графикон 1)

Зад оваа просечна слика се кријат длабоки разлики меѓу областите. Образованието е несомнен лидер – 32% целосно исполнети и 58% во насока на исполнување – со силна динамика поддржана со стабилно буџетирање и функционална законска рамка. На спротивниот крај, родовата еднаквост регистрира нула исполнување втора последователна година – ниту едно исполнето ветување, ниту едно во насока на исполнување. Социо-економскиот домен, покажува поделена слика: макроекономските показатели се движат во задоволителна насока, но социо-економските политики систематски заостануваат. Здравството и политиките за млади се на средина, со умерен напредок проследен со значителни неисполнети обврски.

Графк 1: Исполнетост по области

Социо-економски политики: Делумен напредок, но со потенцијални ризици

Од 44 мерливи ветувања, 36% имаат позитивна траекторија – 11% целосно исполнети и 25% во насока на исполнување, наспроти 64% кои или стагнираат или се движат во погрешна насока. Зад оваа просечна слика стојат две подобласти со спротивставена динамика.

Макроекономските показатели во целина даваат задоволителна слика – 8 од 11 индикатори се во позитивна насока,  растот на БДП е стабилен, извозот закрепнува, невработеноста опаѓа и банкарскиот систем е ликвиден. Сепак, и тука постојат важни исклучоци. Инфлацијата останува упорно висока (4,1% во 2025 наспроти ветени 2,5%), а падот на странските директни инвестиции е предупредување дека без ажурирана стратегија за привлекување, конкурентноста полека се намалува. Во јавните финансии постои блага консолидација, и јавниот долг во 2025 се движи под ветената граница. Но, буџетскиот дефицит останува над ветените вредности, а кризата на Блискиот Исток во 2026 дополнително ги зголеми фискалните ризици. Зголемувањето на пензиите е исполнето ветување, но со фискални импликации кои ја засилуваат потребата за посуштинска пензиска реформа. Пазарот на труд и деловното окружување покажуваат напредок, но со забавено темпо. Ветувањето за 55.000 нови работни места е на ~40%-на реализација (22.064 новосоздадени места), но темпото забавило во 2025 – ~9.000 наспроти потребните ~13.750 годишно. Истовремено, сивата економија се зголеми, а и покрај воведувањето на е-фактурата, системски пристап кон формализацијата изостанува.

Социо-економските политики, пак, го влечат вкупниот резултат надолу. Поволностите за ИТ компании, фриленсери и иновативниот сектор остануваат само на хартија, а ветувањето за посебен данок за мултинационали е тивко напуштено поради глобалниот минимален данок – без јавно признание. Уште позагрижувачки се ветувањата кои директно го допираат животниот стандард: социјалните надоместоци за најранливите категории систематски заостануваат, капиталните инвестиции по години на ист образец – висока проекција, кратење, потфрлена реализација – и буџетот за земјоделие опаѓа трета година по ред.

Дополнителен предизвик е усогласеноста со реалните потреби на граѓаните. Според истражувањето на Finance „Квалитет на животот”, домовите за стари лица се најнедостапна јавна услуга според граѓаните – со влошување во однос на претходната година – а ветувањето за нивна изградба нема јавни индикатори за реализација. Ветувањата за капитални инвестиции и проширување на капацитетите за грижа уживаат највисока поддршка – над 70% – но се и меѓу оние со најниска реализација. Наспроти тоа, двете исполнети ветувања – зголемувањето на пензиите и растот на платите во јавната администрација – имаат ниска или поделена поддршка кај граѓаните. Ова упатува на потреба Владата да ги преиспита своите приоритети: да ги ревидира ветувањата кои граѓаните не ги препознаваат како релевантни, и да ги забрза оние кои уживаат највисока јавна поддршка.

Образование: силна динамика, но реформата на високото образование чека

Образованието е областа со најсилна реализација – 12 исполнети ветувања (32%) и 22 во насока (58%) – и тоа не е случајно. Трите клучни услови за успех се присутни: функционална законска рамка, јасни и мерливи индикатори и буџетска континуираност низ повеќе годишни циклуси. Резултатите се конкретни и видливи.

Дуалното образование е можеби најуспешната приказна: бројот на компании вклучени во практична настава пораснал од 560 во 2024 на 875 во 2026, со поддршка на 7 регионални центри. Инклузијата на ученици со попреченост и ранливи групи добива реална буџетска поддршка – средствата скоро се удвоени (од 520 на 927 мил. денари), а бројот на образовни асистенти се зголемил од 1.015 на 1.478. Инфраструктурните инвестиции во училишта и спортски сали бележат стабилен тренд, а реконструкцијата на студентските домови добива сериозен буџетски импулс (489 мил. денари планирани за 2026, наспроти само 31 мил. во 2024).

Но, длабоката реформа на високото образование останува блокирана. Новите закони за високо образование сè уште не се донесени, а без нив, ниту задолжителната пракса, ниту двојните дипломи, ниту меѓународната конкурентност не можат да се реализираат. Буџетот за наука номинално расте, но вкупните трошоци за истражување и развој остануваат на само 0,36–0,40% од БДП – далеку зад планираниот 1%. Воедно, и покрај сите позитивни движења, буџетот за образование сè уште не го достигнал ветениот праг од 5% од БДП, туку останува на 3,8%.

Здравство: Ограничен напредок со неколку значајни поместувања

Од 31 следена мерка во здравството, четири се целосно реализирани, две делумно, а две се во иницијална фаза на имплементација – кај најголемиот дел од останатите засега нема доволно докази за позначаен напредок. Највидливи резултати се постигнати во кадровската политика и пристапот до одредени здравствени услуги: започна вработувањето на здравствени работници кои со години беа ангажирани по договор на дело, зголемен е капитациониот бод за матичните лекари, а укинати се економските директори во јавните здравствени установи. Овозможени се и до шест бесплатни обиди за ин-витро оплодување на товар на Фондот за здравствено осигурување. Во делот на инвестициите, започнати се активности за реконструкција на повеќе здравствени установи и набавка на медицинска опрема, објавен е тендер за 100 нови возила за Итна медицинска помош, а проширена е позитивната листа на лекови со олеснети процеси за рефундирање.

Сепак, реформите со подлабоки системски ефекти се одвиваат побавно од очекуваното. Не се забележуваат позначајни подобрувања во дигитализацијата на здравството, намалувањето на административните процедури, управувањето со болничкиот систем, намалувањето на листите на чекање или подобрувањето на достапноста до специјалистички здравствени услуги. Оттука, може да се заклучи дека изминатата година беше обележана со решавање на дел од долгогодишните кадровски и организациски проблеми и со реализација на неколку конкретни мерки со директен ефект врз граѓаните. Сепак, клучните структурни реформи кои треба да обезбедат поефикасен, подостапен и поквалитетен здравствен систем сè уште остануваат предизвик.

Млади: институционален напредок, недоволно спроведување конкретни мерки

Следени се 31 ветувања, од кои 4 се реализирани, 5 се во насока на исполнување, а 22 не се реализирани. Во втората година од мандатот, политиките за млади испорачаа две конкретни и видливи ветувања кои по првата година беа во категоријата неисполнети. Ваучерите од 250 евра за електронски уреди за студенти беа исплатени во 2025, а проектот „Купи куќа за млади“ беше операционализиран – субвенционирање на месечна рата за млади парови кои се преселуваат на село. Овие два исполнети ветувања имаат значајна симболична тежина и висока популарност кај младите.

Сепак, зад овие успеси, структурните предизвици остануваат нерешени. Стапката на вработеност на млади (15–29 години) паднала на 34,6% во К1-2026 откако во 2025 достигнала 36,1% – ветувањето за 70.000 нови работни места за млади е во спротивна насока од исполнување. Уште позагрижувачко е што во 2025 не е реализирана ниту една обука за дигитални вештини, по 735 обучени во 2024.

Бројот на локални младински центри – клучна инфраструктура за имплементација на младинските политики – стагнира на 14, наспроти таргетот од 42 предвидени со Националната стратегија за млади 2023–2027. Се отвораат нови центри, но подеднакво се затвораат. Петте неисполнети ветувања – меѓу кои скратеното работно време за студенти, М-апликацијата за младински стандард и бесплатниот интернет во образовните институции – директно влијаат врз секојдневниот живот на младите и немаат ниту минимален видлив напредок по две години.

Вкупната акција е поддржана од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.

 

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

  • Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

    Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub. Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност…

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

  • Соларен саем во Кичево: Сончевата енергија поблиску до граѓаните

    На 8ми август на Градскиот плоштад во Кичево се одржа Соларен саем посветен на сончевата енергија, обновливите извори и можностите што им стојат на располагање на граѓаните за поактивно учество во енергетската транзиција. Саемот беше можност посетителите на едно место да добијат практични и разбирливи информации за користењето на сончевата

  • Велешките гемиџии и извидници учесници на рафтинг манифестација “Неретва и пријателите 2026 – Битката на Неретва“

    Во периодот од 14 до 16 август 2026 год. дванаесет извидници и гемиџии на покана на рафтинг клубот “Тузлак“ од Тузла, Босна и Херцеговина земаа учество на рафтинг манифестацијата Тузла и пријателите – Неретва 2026 или Битката на Неретва. Рафтинг спустот се организираше на реката Неретва, а ние и повеќе…

  • GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство

    Последни новости GLOW 2026 охрабри речиси 40 млади девојки преку лидерство, авантура и пријателство Од 1 до 4 јули 2026 година, речиси 40 средношколки од околу 15 градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот GLOW 2026 (Girls Leading Our World) – уникатно лидерско искуство организирано од ИМКА во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Направен со цел да ја инспирира следната генерација млади лидерки, кампот GLOW ги обедини практичното учење, авантурата во природа и креативноста во средина каде што секоја учесничка беше охрабрена да ги открие своите силни страни, да ги поддржува другите и да ја изгради својата самодоверба. Во текот на четиридневната програма, учесничките следеа интерактивни работилници засновани на столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку практични активности, тие развиваа критичко размислување, способност за тимска работа и лидерски вештини кои ќе можат да ги применуваат во своите училишта и локални заедници. Покрај едукативниот дел, програмата понуди богата палета рекреативни активности, меѓу кои креативни работилници, куглање, олимписки игри и забавни водени предизвици кои поттикнуваа тимски дух и здрава конкуренција. Еден од највпечатливите моменти беше престојот во Националниот парк Пелистер, каде што девојките кампуваа во шатори, го совладаа адреналинскиот парк, и уживаа во пешачење и истражување на шумата преку интерактивна потрага по природни богатства. Влијанието на кампот најдобро го опишаа самите учеснички: Неверојатната енергија на сите! Секоја активност беше одлично организирана, сите беа гостопримливи и пријателски настроени, а заедно доживеавме толку многу нови искуства. Најмногу ми се допадна што конечно направив работи за кои отсекогаш сум сонувала, и тоа опкружена со прекрасни девојки на моја возраст! Посебно ми значеше чувството на топлина и сигурност што го создаде просторот исполнет со жени кои се поддржуваат меѓусебно. Друга учесничка го истакна богатството на програмата: Секој ден беше исполнет со различни и уникатни активности, така што ниту еден ден не беше ист како претходниот. Советничките беа прекрасни, секогаш позитивни и полни со охрабрување. За многу девојки, токму пријателствата создадени за време на кампот останаа највредниот дел од целото искуство: Најмногу ми се допадна заедништвото што го создадовме во кампот – атмосфера исполнета со поддршка и пријателски дух. Имав чувство дека сме во еден посебен свет исполнет со љубов и добрина, далеку од суровоста што понекогаш ја носи секојдневието. А и храната беше одлична! Влијанието на кампот продолжи и по неговото завршување, а родителите забележаа позитивни промени кај своите ќерки. Еден родител сподели „Забележав дека стана поотворена и ме изненади колку многу енергична беше кога се врати дома. Ми се чини дека стекна и многу поголема храброст отколку порано. Беше пресреќна и веднаш ми кажа дека следната година повторно сака да учествува.“ Други родители истакнаа промени како: Подобри комуникациски вештини. Поголема самодоверба. Порасположена е, посигурна во себе и полна со прекрасни впечатоци. Следното лето дел од овогодишните учеснички ќе имаат можност да го продолжат своето лидерско патување преку пријавување во програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА, преку која младите развиваат лидерски, комуникациски, менторски и волонтерски вештини во текот на учебната година, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите. Преку оваа лидерска патека, ИМКА инвестира во младите не само како учесници на камповите, туку и како идни ментори и лидери кои ќе ја инспирираат следната генерација.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор