ТЕМАТСКИ ФОРУМ – ВАРДАРСКИ РЕГИОН, ГРАД ВЕЛЕС
На 05-ти и 06-ти јуни во Велес, се одржа Тематскиот форум „Загадените води на река Вардар и механизми на заштита на основниот ресурс за наводнување на земјоделските култури во Вардарски плански регион“.
На средбата се дискутираше состојбата со загадување на водите на реката Вардар, справување со загадувањето и користење на механизмите на заштита овозможени од европските фондови, како темата да се приближи до јавноста на локално, регионално и национално ниво итн.
На состанокот говореа Убавка Јаневска, новинарка/ уредничка на Дума.мк и Божана Ќулавкова, новинарка/уредничка на Радио Голди.
Виолета Глигороска од Евротинк го презентираше проектот „Медиумите за ЕУ“ во чии рамки се одржа средбата.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Балкански институт за регионална соработка (БИРЦ)








![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53070](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/viber_image_2026-11-03_12-35-55-937-726x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #53072](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/IMG_3882-scaled-1-768x576.jpg)