19 12 2025

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА РЕШЕНИЈА ЗАСНОВАНИ НА ПРИРОДАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во соработка со Општина Ѓорче Петров, одржавме едукативна обука посветена на Решенија базирани на природата (NbS), наменета за вработени во општинската администрација, образовните институции и локалните граѓански организации.
Учесниците имаа можност да се запознаат со практичните пристапи за примена на решенија базирани на природата во урбани и периурбани средини, со фокус на:

  • подобрување на квалитетот на воздухот и водата;
  • управување со атмосферските води и намалување на ризикот од поплави;
  • намалување на ефектот на урбан топлински остров;
  • заштита и подобрување на биодиверзитетот;
  • зголемување на климатската отпорност на локалните заедници
19-12-2025_2.jpg
Преку примери како што се зелени покриви и ѕидови, дождовни градини, заштитни зелени појаси и урбано зеленило, истражувавме можности за подобрување на квалитетот на живот и поддршка на одржлив локален развој во општината.
Оваа активност беше спроведена во рамките на проектот „Решенија базирани на природата за унапредување на ублажувањето на климатските промени во Градот Скопјe“, поддржан од Амбасадата на Канада преку Канадскиот фонд за локални иницијативи (CFLI).
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор