23112846 10159720054005093 1349881744 o

Студиска посета во Стразбург

Членовите на извршната канцеларија и претседателката на Институтот за човекови права (ИЧП) успешно ја реализираа студиската посета во Стразбург, Франција.

Беа остварени четири состанока и две study tours во рамките на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Реализираната студиска посета е од големо значење за тековното работење на Институтот, а особено за понатамошниот развој на ИЧП во однос на зајакнување на меѓународната соработка. Еден од состаноците беше со граѓанска организација, една официјална средба со македонскиот судија во ЕСЧП, како и средби со претставници на Советот на Европа од одделите за ромски прашања, за ЛГБТИ, како и за владеење на правото и човековите права.

Непосредно разменетите искуства и пренесените добри практики од Стразбург ќе бидат од големо значење за унапредување на остварувањето и заштитата на човековите права во Република Македонија.

Институтот за човекови права е корисник за институционален грант од Цивика мобилитас. Повеќе информации можете да најдете на нивниот профил.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор