Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА од Битола, во соработка со Здружението на професори по географија „Проф. Д-р Љубе Миленковски“ од Скопје, на 04.11.2017 год. организираше еднодневен семинар за наставниците по географија од цела Македонија.
Главни активности на семинарот беа:
– Потпишување на Договор за соработка меѓу двете здруженија;
– Нагледен час по географија на тема: „Загадување и заштита на воздухот во Р. Македонија“;
– Едукативна работилница на тема: „Користење на едукативниот портал ЕДУ-АРКТИК во професионалното усовршување на наставниците и во наставата и воннаставните активности по предметот географија“. (Искуство од едукативниот форум во Варшава, Полска;
– Едукативно предавање на тема: „ПМ честички во воздухот – континуиран убиец на сите нас“.
Предавач на семинарот беше претседателот на РГД „ГЕОСФЕРА“-Битола, м-р Мите Ристов.