20170516 MCEM vest

СТАРТ НА ПРОЕКТОТ „БЕЗ НАСИЛСТВО-ПОД ИСТО НЕБО“

Со дебата на темата „Насилството раѓа војна, соживотот носи мир и просперитет“, одржана на 10 мај 2017 година во ООУ „Лириа“, општина Чаир, беше означен почетокот на проектот „Без насилство- под исто небо“. Истиот е покренат од неформална група граѓани, наставници од ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош и ООУ „Лириа“ од општина Чаир, а се заснова на јакнење на меѓуетничките односи во Македонија.

Дебатерите беа сочинети од професори, ученици, психолози и педагози од основните училишта „Лириа“, „Лазо Трповски“, „Браќа Рамиз-Хамид“, „Тефејуз“ и „Хасан Приштина“. Тие заедно со претставници од невладиниот сектор низ предавање и богата дискусија се заложија дека е потребна акција да се поттикне практичното надоградување на веќе започнатиот проект „Меѓуетничка интеграција во образованието“. Со ова ќе се постигне воведување заеднички оригинални активности во училиштата, а истите ќе придонесат за развој на толеранцијата преку креативност и иновативност на учениците од различни етникуми.

Проектот е реакција на зачестени инциденти каде жртви се млади луѓе, кои се мета на напади заради почитувањето на својата религиска и етничка традиција. За време на наредните шест месеци, преку најразлични активности ќе се анимира целата заедница, а со апликативни идеи ќе се придонесе за развојот на мултиетничноста во Македонија.

Неформалната група граѓани, наставници од ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош и ООУ „Лириа“ од општина Чаир,  во соработка со Младински центар за еднакви можности се корисници на ад хок грант на Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор