1727686525691 1024x577

Спуштање на температурата!Сè што отсекогаш сте сакале да знаете за парламентот (Но, сте се плашеле да прашате)

На 28 и 29 септември 2024 година на Попова Кула, дванаесет пратеници во нивниот прв мандат учестуваа на интензивен дводневен настан на кои се рагзговараше тајните на парламентарната дебата, уметноста на компромисот и конкретно придобивките од компромисот, како да се справат со своите високи врсници од другите парламентарни групи, а особено од сопствената политичка трева и „анализата на моќта“ во парламентот.

Првиот ден започна со клучната сесија на профсорите и поранешни пратеници Александар Спасеновски и Гордан Георгиев кои ги водеа пратениците низ Тајните на парламентарните коридори, парламентарната координација, структурата на моќ и институционалните улоги.

Потоа следуваше сесијата Ѓаволот е во деталите: разбирање на законодавната процедура со поранешните пратеници Изет Зеќири, поранешниот министер Васко Наумовски и поранешниот пратеник Игор Ивановски, и на пратениците им понудија длабински поглед на законодавните нијанси. Денот беше затворен со неформална дискусија Сè што сакав да знам порано, чиј домаќин беше авторот и основач на P World, Коста Петров.

Вториот ден започнавме со Сурово будење: медиумите и пратеници сесија со новинарите Семра Мусаи (ТВ Алсат), Боби Христов (ТВ Телма) и Душица Мрѓа (ТВ 24). Тие зборуваа како се градат конструктивни односи со медиумите. На крајот нашата уникатна активност In the box, која им даде на пратениците ретка шанса за еден-на-еден разговор со новинарите на теми и прашања кои никогаш јавно не би ги поставиле.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ФОРУМ ЗА РАЗУМНИ ПОЛИТИКИ Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор