Создавање (не)правда: Амнестијта и нејзиното влијание врз рехабилитација и ресоцијализација на осудените лица

Создавање (не)правда: Амнестијта и нејзиното влијание врз рехабилитација и ресоцијализација на осудените лица е документ изработен во рамките на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка преку ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осудени лица“, финансиран од Европската Унија.

Примарната цел на оваа анализа е да се утврди дали носењето чести закони за амнестија има позитивно влијание врз рехабилитацијата и ресоцијализацијата на осудените лица, односно да се даде одговор на прашањето дали тие (би) биле успешно реинтегрирани во општеството или вратени во затворите набргу по ослободувањето.

Во правните образложенија при донесувањето на законите за амнестија се акцентира појдовната цел на казнувањето – дека таа не треба да се потпира на одмаздата, односно на казнување на сто- рителот за сторено дело, туку да се постигне специјална и генерална превенција. Министерството за правда при подготвувањето на предлог-законот во 2017 година1 ги имаше предвид „условите во казнено-поправните установи како институции што треба да овозможат и да обезбедат успешна ресоцијализација на осуденичката популација и кои, неспорно, се пренатрупани, условите за престој се многу ниски, оценети од меѓународните организации како нехумани, опасноста од криминална инфекција во казнено-поправните установи е реална поради што се оцени дека е нео- пходно донесување еден ваков закон со кој група лица осудени на казна затвор до 6 месеци – лесни кривични дела ќе се ослободат од издржување на казната затвор“. Истото се наведува и во образложението на предлог-законот од 2023 година.

Имајќи го предвид горенаведеното, целта на оваа анализа е да се одговори на прашањето дали ситуацијата во затворските установи би се сменила со предложениот закон за амнестија од јули 2023 година. Всушност, преку оваа кратка анализа критички би се оцениле мотивите за донесување на овој закон, односно дали тие се поинакви од претходните или тоа е уште едно по- кажување политичка волја. Понатаму, важен сегмент за оцена се и капацитетите на македонските институции да се справат со овие прашања. Во таа смисла, не би се осврнале само на степенот на рецидив, т. е. бројот на ослободени осуденици што се повторно затворени, туку и на постапување- то на властите што ги спроведуваат процедурите утврдени во законот за амнестија, како што се законскиот и правичен третман на судовите, степенот на подготвеност на судиите за извршување на санкциите, јавните обвинителства, казнено-поправните установи и пробациските служби.

За целите на проектот беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Македонското пенолошко друштво, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци ИЗБОР и Управата за извршување на санкциите.

Линк до публикацијата.

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор