СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Платформата на граѓански организации за борба против корупција ја информира јавноста дека денеска до Собранието на Република Северна Македонија и матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците достави допис во врска по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Заеднички и недвосмислен став на Платформата на граѓански организации за борба против корупција е дека предложеното преодно решение не ги отстранува суштинските штети предизвикани со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година, туку дополнително ја ослабува казнено-правната заштита од корупција и злоупотреба на службената положба. Затоа, јасно и експлицитно бараме да се вратат идентичните одредби од Кривичниот законик кои беа на сила пред измените од 2023 година, како единствено разумно, правно сигурно и одговорно преодно решение, сѐ до донесување на целосно нов Кривичен законик.

На јавната расправа беше укажано дека предложените измени, особено кај член 353, ја сведуваат кривичната одговорност на исклучително тесен и практично неприменлив опсег. Со тоа, во суштина се декриминализираат најчестите и најштетни форми на корупција во јавните набавки – фаворизирање, селективно постапување, прилагодување на тендерските услови, склучување договори без реална потреба и толерирање на незаконитости. Ваквиот пристап создава правна несигурност и реален ризик од прекин на тековни истражни и судски постапки, бидејќи обвинителството и судовите ќе останат без правна основа за постапување во најголем дел од случаите.

Посочивме и дека предложеното решение ја ограничува „користа“ исклучиво на имотна корист, што е спротивно на европските антикорупциски стандарди и ја исклучува одговорноста за бројни неконвенционални, но широко распространети форми на корупција, како фаворизирање, непотизам и стекнување нематеријални привилегии. Намалувањето на максималните казни, пак, директно влијае врз роковите на застареност, кои се преполовуваат, иако меѓународните тела континуирано укажуваат дека кај високата корупција е неопходен подолг период за откривање, истрага и гонење. Исто така, беше нагласено дека воведувањето ново, недоволно анализирано преодно решение ќе доведе до сериозно нарушување на правната сигурност, бидејќи во краток временски период државата ќе има повеќе различни дефиниции за истите кривични дела.

Со измените на членот 353В се ограничуваат кривичната одговорност исклучиво на имотна корист и ја бришат т.н. „заштитна мрежа“ за други очигледно несовесни начини на вршење на службата, што создава ризик од фактичка амнестија за службени лица во органите на државната управа и сериозно го стеснува опсегот на гонење за неконвенционални, но чести форми на корупција.

Се укажа и дека предложените измени во делот на проширената конфискација сериозно го нарушуваат основниот принцип дека таа може да се примени само по правосилна осуда за тешки облици на корупција или организиран криминал. Со бришење на јасната граница меѓу проширена конфискација и конфискација без кривична осуда, се создава ризик од каскадна конфискација и произволно префрлање на товарот на докажување, што претставува сериозна закана за правната сигурност и отвора простор за злоупотреби.

 

Укажуваме повторно дека донесувањето на вакви значајни измени во Кривичниот законик мора да се спроведат во суштински и инклузивни консултации со засегнати страни вклучително со судиите и јавните обвинители, како практичари кои се најдиректно засегнати од измените и чие искуство е клучно за оценка на нивното реално влијание и примена во судската пракса.

 

Поради сето наведено, апелираме до пратениците во Собранието да ги земат предвид аргументите изнесени на јавната расправа и без одлагање да ги вратат одредбите од Кривичниот законик какви што беа пред измените од септември 2023 година, како неопходен чекор за заштита на јавниот интерес, владеењето на правото и кредибилитетот на државата пред граѓаните и меѓународната заедница до донесување на целосно нов Кривичен законик.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Платформа на граѓански организации за борба против корупција

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор