[aggregator] downloaded image for imported item #39839

Солидарност за подобра иднина: Акцијата продолжува!

Со нетрпение го очекувавме почетокот на учебната година, со цел да ги поддржиме децата што доаѓаат од семејства во социјален ризик и да им обезбедиме училишен прибор што ќе им помогне да започнат со подготовка за училиште. Како и претходните години, решивме да организираме иницијатива за собирање материјали и донации, но оваа година се соочивме со предизвици што ни покажаа колку е важно да се мобилизираат повеќе луѓе околу вакви активности.

На 2 и 3 септември 2025 година, нашите волонтери работеа пред книжарниците на „Тримакс“, информирајќи ги граѓаните за можноста да придонесат. Успеавме да собереме 250 денари и неколку тетратки, моливи, боички и друг училишен материјал. Иако количината не ги исполни нашите првични очекувања, секој придонес е вреден и ќе направи разлика за децата што ќе ги добијат.

Би сакале да им се заблагодариме на сите што учествуваа – волонтерите што го посветија своето време, но и на секој граѓанин што донираше материјал или средства. Целта на оваа иницијатива е да собереме училишен прибор и истовремено да ја покажеме солидарноста, заедништвото и активната поддршкаЦелта на оваа иницијатива е да собереме училишен прибор и истовремено да ја покажеме солидарноста, заедништвото и поддршката за децата што се социјално загрозени.

Апелираме до сите што можат да помогнат – со материјал, време или идеи – да се приклучат. Вашиот придонес, без разлика колку мал, има директно влијание и ја гради заедницата околу нас. Заедно можеме да создадеме повеќе можности и да покажеме дека секое дете заслужува подготвен почеток на учебната година.

Aкцијата продолжува!

За повеќе информации за следната акција, следете нè на LinkedIn, Facebook и Instagram или пишете ни директно на email: hops@hops.org.mk

The post Солидарност за подобра иднина: Акцијата продолжува! appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор