цеа

СО ОДРЖУВАЊЕ НА ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ТРЕНИНГОТ И ОБУКИТЕ ПРАКТИЧНО ЗАПОЧНА РАБОТАТА НА КОМОРАТА НА ИДНИНАТА

Стопанската комора на Северна Македонија деновиве ја заокружи својата реорганизација и избор на органите и телата. Со тоа, Стопанската комора освен што делува преку Првиот столб за претставување и вмрежување претставен преку традиционалните коморски активности и услуги кои ги нуди за нашите компании членки, го формиравме и Вториот столб за развој, иновации и знаење кој таргетира развој на постојните и воведување на нови услуги од интерес за сите компании (не само за членките на Kомората) во нашата држава.

Така, додека Првиот столб при Комората и понатаму продолжува да функционира преку Здруженијата, Асоцијациите, Групациите, Центарот за едукација, Центрот за проекти, Бизнис канцеларијата и Центарот за анализи, новиот Втор столб има задача да понуди нови услуги од интерес на бизнисот и сите компании како што се консултантски услуги и лобирање за фирмите, решавање на споровите преку арбитражата, создавање Берза на трудот, формирање на Институт за извоз, поврзување на странските инвеститори со домашните добавувачи, преквалификации, создавање Школа на бизнис лидери… Вториот столб сите наведени услуги ќе ги реализира преку ново формираните тела како што се Клуб 100, Советот за напредни технологии, Советот за унапредување на квалитетот на високото образование, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, Советот за унапредување на извозот и производството, Судот на честа, Коморскиот сенат и постојните Советот на странски инвеститори и Арбитражата преку нивна уште поголема промоција и засилени активности.

На 05.07.2021 година во Стопанската комора на Северна Македонија со одржување на Првата конститутивна седница на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките практично и започна работата на Вториот столб. Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора на Северна Македонија се формираше заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор, во насока на унапредување на квалитетот на неформалното образование и обезбедување кадар со 2, 3 и 4 ниво на квалификации во согласност со потребите на бизнисот. Всушност, неговата работа ќе биде насочена кон унапредување на квалитетот на неформалното образование, вклучително и образованието на возрасни и поврзување на понудата и побарувачката на работна сила со квалификации, вештини и практично искуство согласно на потребите на работодавачите.

 

Советот во својата програмска агенда си постави две приоритетни цели:

  • Континуирано унапредување на работата на Бизнис-центарот за тренинг и обука Скопје, со цел да се забележи видлив напредок во делот на преквалификацијата, доквалификацијата и другите форми на неформално образование и
  • Советот преку Комората да воспостави функционална Берза на трудот и да се грижи за нејзино одржување и развој, со цел поврзување на понудата и побарувачката на работна сила во земјата и обезбедување кадар за потребите на бизнисот.

На првата седница на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките членовите се договорија за неколку клучни точки и динамика на работа во периодот кој следи во кој најпрво ќе се утврдат носечките индустрии во земјата кај кои недостасува квалификуван и спремен за работа кадар според потребите на бизнис секторот, врз основа на што потоа ќе се постават неколку верификувани програми за преквалификација, доквалификација и унапредување на вештините. Ова со цел организирање и поттикнување на соодветни облици за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните кадри како и на другите стручни кадри и професионална надградба на стекнатите знаења преку организирање стручно оспособување: обуки, семинари, работилници и други начини на едукација.

Улогата на Советот е да обезбедува деловно-стручни услуги и да дава стручна помош во развојот на одделни дејности од областа на неформалното образование и поврзување на понудата и побарувачката на работна сила за потребите на бизнисот, усвојување на современи технологии и методи на работење, поттикнување на истражувањата и развојот во одредените области и сл.

Претседател на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките е Виктор Влашки, Max Aicher Engineering, Франкфурт СР Германија и АД Осигурителна полиса Скопје, потпретседател на Советот е Зоран Витанов, претприемач, додека членови на Советот се: Игор Давков, Eаст Гате Сег ДОО Скопје, Асмир Јахоски , Пуцко петрол ДООЕЛ с.Пласница, Марјан Николов, Центар за економски анализи – ЦЕА Скопје, д-р Златко Леов, Леов компани ДООЕЛ Велес и Славчо Бујаровски, Сигма – СБ ДООЕЛ Скопје.

The post СО ОДРЖУВАЊЕ НА ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ТРЕНИНГОТ И ОБУКИТЕ ПРАКТИЧНО ЗАПОЧНА РАБОТАТА НА КОМОРАТА НА ИДНИНАТА appeared first on CEA – Center for Economic Analyses.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор