Pres konferencija za parada na gordosta naslovna.jpg

Скопската парада на гордоста 2025 ќе се одржи на 21 јуни: Ќе (оп) стоиме заедно!

Шестата по ред Парада на гордоста/Скопје Прајд, годинава ќе се одржи на 21 јуни.

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска одржа прес-конференција посветена на овогодишното издание на Парадата на гордоста, чија што појдовна точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 18 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици.  Оваа година, маршот на Скопје Прајд добива нова рута – симболично и буквално.

Ова не е прослава – ова е протест. Нема јавна програма, нема забава – само отпор.

Во изминатите месеци, видовме како образовниот систем го брише секое спомнување на нашите идентитети, нашите приказни, нашето постоење.
Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни – тие се последица на институционален срам и молк.
Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање.
И токму затоа ќе застанеме пред ова Министерство, гласни и непокорни – затоа што младите заслужуваат подобро. Затоа што животите на квир учениците вредат, порача Стефан Петровски, активист.

Пред Министерството за образование ќе бидеме гласни за младите ЛГБТИ+ луѓе чија реалност се избришани идентитети и системско насилство. Пред Владата ќе ги испратиме нашите пораки:

– Доста е од молк за Кочани
– Доста е од игнорирање на Законот за правно признавање на род
– Доста е од воздржаност пред геноцид

Оваа година слоганот на Парадата на гордоста во Скопје гласи „Ќе (оп) стоиме заедно!“

Овој слоган не е случаен. Тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност – не само да опстоиме, туку да опстоиме заедно. Во време на политички притисоци, говор на омраза, институционално молчење и глобални неправди, нашиот одговор е заедништво, солидарност и радикална грижа.

Протестираме не заради традиција, туку затоа што е потребно. Затоа што многу ЛГБТИК+ луѓе и понатаму се третираат како невидливи, несигурни и незаштитени. Затоа што транс лицата сè уште чекаат правно признавање на родот. Затоа што образованието се чисти од секакво споменување на нашите животи. Затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана. Скопје Прајд 2025 не е само настан – тоа е движење. И секој што ќе застане со нас, придонесува за промена“, кажа Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите луѓе.

Има многу причини за протест оваа година и не сметаме дека има простор за забава на Парадата на гордоста.

Секоја година Министерството за внатрешни работи покажува високо ниво на професионалност во обезбедувањето на учесниците на Прајдот, полициските службеници успеваат да не предизвикаат страв и тензија кај учесниците.

Во периодот на оджувањето на Парадата на гордоста, секоја година се соочиме со сериозен говор на омраза. МВР го следи говорот на омраза, а ќе ги следиме и ние сите  овие појави и ќе известуваме за сите случувања, кажа Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Ги повикуваме сите – ЛГБТИК+ луѓето, нашите сојузници, пријатели, колеги, избрани и биолошки семејства – да излезат со нас на 21 јуни. Да покажеме дека сме многубројни, дека не се плашиме, и дека стоиме рамо до рамо за општество засновано на еднаквост, слобода и почит.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор