Mladi i drogi 768x439

Што ни кажуваат младите, и дали некој конечно ги слуша?

Во рамки на проектот NextGEN (NextGen Намалување на штети: Справување со предизвикот на новите психоактивни супстанции), кој се однесува на воспоставување на он-лајн сервиси кои треба да понудат едукација за безбедно однесување на младите со новите психоактивни супстанци, почнавме да ги прашуваме младите: Што знаете за новите дроги? Каде и како дознавате за нив? Кому му верувате?

Одговорите беа гласни.

  • „Никој не ни кажува ништо без да не осудува.“
  • „Во училиште молк. На интернет – паника.“
  • „Сами гугламе. Понекогаш грешиме.“

Така се појави он-лајн заедницата Trip Tapes. Не како дел од уште еден проект, кој кога ќе заврши ќе ја снема и заедницата, туку како експеримент на доверба. Доверба, сфатена како двонасочна улица. Улица во која од едната страна се младите, а од другата страна се наоѓаме ние – граѓански активисти кои имаат експертиза и непоколеблива намера темата за употреба на нови и многу често небезбедни психоактивни супстанци да ја подигнеме од ниво на табу – на ниво на чесна комуникација од која полза ќе имаат сите, особено младите.

Затоа Trip Tapes не е само кампања, туку е и огледало:

  • Реелс, анкети, GIF-ови, јазик кој не лаже.
  • Експериментирање со доверба, а не со хемија.

 

 

Но приказната не застанува таму. Паралелно, ХОПС ја движи најсистемската иницијатива досега:

Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата (NSPDU), поддржан од EIDHR кој има за цел да воспостави системска, долгорочна и институционализирана превенција на употреба на дроги во средните училишта во Северна Македонија. Создавањето на овој национален систем ќе значи и создавање на:

  • Национални стандарди за превенција на употреба на дроги
  • Унифициран прирачник за училишниот кадар
  • Пилот програма во едно средно училиште (Тестирање на моделот во реални услови).
  • Обука за најмалку 200 професионалци во образованието
  • Модел за долгорочна институционална имплементација

Партнерството со Министерството за здравство и Министерството за образование и наука ќе овозможи создавање на јасна насока за вклучување на националните стандарди во наставните политики по завршување на проектот.

Ова не е само проект – туку обид да се создаде одржлив систем за поддршка, едукација и заштита на младите во образовниот систем.

 

И сега – за прв пат – овие два света почнуваат да се гледаат меѓу себе. Trip Tapes ни покажа како зборуваат младите. NSPDU се обидува да ги научи институциите како да слушаат.

Дали ова е крајот на ѕидот меѓу „НИВ“ и „НАС“? Не знаеме.

Но знаеме дека ако не го премостиме овој ѕид – ќе изгубиме генерации …


NextGen има за цел да ги подобри капацитетите за намалување на штетите кај професионалците и организациите во Европа, фокусирајќи се на иновативни одговори на новите психоактивни супстанции (НПС).
Партнери во проектот се ARAS (Романија), Re Generation (Србија), HOPS (С. Македонија) и GAT (Португалија). Финансирано од Европската Унија.

 

The post Што ни кажуваат младите, и дали некој конечно ги слуша? appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор