[Aggregator] Downloaded image for imported item #45578

Штипјани и виничани споделија дел од актуелните локални проблеми

Јавната безбедност, дивата урбанизација, здравствените и образовните проблеми беа меѓу главните теми за кои граѓаните од Штип и Виница разговараа со претставниците на Институтот РЕСИС.

Преку ваквите средби, а за потребите на координирањето на медиумот на заедницата Локал Актив, се овозможи директен дијалог со жителите, локалните иницијативи и новинарите во регионот. Граѓаните на овие средби споделија актуелни и горливи проблеми со кои се соочуваат нивните заедници.

Во Штип една од главните грижи на граѓаните беше јавната безбедност со оглед на тоа што во градот живеат голем број странци и ужасните услови во таканаречената „ромска“ населба. Дополнително се дискутираше и за недостатокот на младински центар, „бетонизацијата“ на градот и потребата од зајакнување на општинските стручни училишта кои се борат да обезбедат средства за основните наставни помагала. Се отворија теми и за лошите услови на работниците во текстилната индустрија, несоодветното информирање од локалните медиуми и загадениот воздух, особено во зимскиот период.

На средбата во Виница главниот проблем на граѓаните беше опасноста од можна изградба на хидроцентрала на реката Блатешница во селото Блатец, што според нив може да предизвика огромни проблеми со водоснабдувањето и наводнувањето за селото, но и за поширокиот винички регион. Дополнително виничани споделија дека и нивниот регион се соочува со стареење на населението и лоши услови за здравствена нега и потенцираа дека се неопходни повеќе мерки со кои би се охрабриле младите да останат во градот, наместо да се иселуваат во поголемите градови или надвор од државата. Тие споделија дека овој дел од Македонија изобилува со прекрасна природа и поволни услови за параглајдинг, па со соодветни инвестиции може да прерасне во атрактивна туристичка дестинација за домашни и странски туристи.

Собраните сознанија ќе бидат дополнително обработени и презентирани пред редакцијата на Локал Актив, составена од локални новинари и граѓански активисти, со цел овие проблеми да се обработат во истражувачки и аналитички приказни што ќе ја засилат видливоста на проблемите и ќе поттикнат институционални решенија.

Медиумот на заедницата Локал Актив има за цел да го зајакне граѓанскиот ангажман и учеството во локалното владеење, да поттикне новинарско-граѓански сојузи за застапување на локални проблеми, како и да придонесе кон медиумски плурализам и развивање на комуникациските права на ранливите групи.

Овие средби се дел од поширокиот циклус консултации што се реализираат во Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион за потребите на подготовките на нови содржини на медиумите на заедниците.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор