Untitled Design (8)

„Септември во знакот на женското здравје и права: Контрацепцијата и безбедниот абортус се суштински дел од правото на семејно планирање“

 

Во последната недела од септември, светот ги одбележува два исклучително значајни датуми поврзани со здравјето и правата на жените: 26 септември- Меѓународниот ден на контрацепцијата, и 28 септември- Меѓународниот ден на безбеден абортус. По тој повод, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), потсетуваат дека правото на жените да располагаат со сопственото тело и да имаат еднаков пристап до безбедни и достапни здравствени услуги е суштински дел од универзалното право на здравје и достоинствен живот.

Во Северна Македонија, медикаментозниот абортус е легален и безбеден метод кој се применува, но е достапен само на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Тоа создава нееднаквост и сериозни бариери за жените кои живеат надвор од главниот град. Од вкупно 2.207 абортуси евидентирани на национално ниво, само 36 % биле медикаментозни, што укажува на ограничена достапност на оваа метода. Сепак, податоците за 2024 година од УГАК во Скопје покажуваат дека 93,5 % од абортусите таму биле медикаментозни, што јасно потврдува висока прифатеност кога постои соодветен пристап до услугата.

И покрај тоа што бројките јасно ја потврдуваат довербата и потребата од оваа услуга, средствата за лекови за медикаментозен абортус за жени од ранливи категории во Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца се намалени за дури 80 % (од 1.000.000 денари во 2023 на 200.000 денари во 2024 година).

Со оглед на тоа дека интересот за медикаментозниот абортус постојано расте, неопходно е буџетското финансирање не само да се зголеми, туку и да се овозможи оваа услуга да биде достапна и во другите клиники низ земјата. На тој начин, жените од сите региони ќе имаат еднаков пристап до безбедна здравствена услуга, без да бидат принудени да патуваат во Скопје и да се соочуваат со дополнителни финансиски и логистички тешкотии. Следењето на искуствата од земји како Велика Британија, Франција и Германија, каде што телемедицината веќе е дел од услугите за медикаментозен абортус, покажува дека дигиталните решенија можат значително да го олеснат пристапот, особено за жените во руралните средини.

Истовремено, стапката на адолесцентски раѓања во Македонија изнесува 14,6 на 1.000 девојчиња – речиси двојно повеќе од просекот во земјите од Европската унија. Додека пак, стапка на употреба на модерна контрацепција во Македонија е 21 %, што е двојно помала од Балканските земји (52 %) и тројно помала од развиените земји (Франција 76 %, Ирска 66 %, Полска 59 %). Иако националното Упатство за семејно планирање постои, ниту едно модерно средство за орална контрацепција не е на Позитивната листа, што значи дека жените мораат целосно сами да ги покријат трошоците. Ова претставува сериозна пречка, особено за младите и за жените од ранливи категории, и е една од причините за нискиот опфат со современи методи.

Подобриот пристап до модерна контрацепција и безбеден медикаментозен абортус спречува несакани и ризични бремености, го намалува бројот на небезбедни абортуси и им овозможува на жените да го планираат својот живот и иднина.

По повод 26 и 28 септември, ги повикуваме надлежните институции да обезбедат достапност на модерна контрацепција и ширење на услугата за медикаментозен абортус во целата држава, што е од суштинско значење за подобрување на здравјето на жените и за унапредување на родовата еднаквост. Македонија треба да продолжи да чекори во насока на европските стандарди и да обезбеди еднаков пристап до безбедни и современи здравствени услуги за сите жени, без исклучок.

 

Контакт за медиуми:

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување: hera@hera.org.mk

Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО): mkd.mago@gmail.com

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор