цивил

Семинар на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите со германски, украински и македонски експерти

ЦИВИЛ соопшти дека го започнува проектот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во чии рамки ќе се одржи семинар за новинарки и новинари од 5 до 10 декември. Проектот се спроведува во партнерство со германската организација Младите за медиумите (youth4media). Од работата на семинарот ќе произлезат повеќе текстови и видео прилози на тема дезинформации и пропаганда, кои ќе бидат достапни за објавување на сите редакции што ќе учествуваат во овој проект.

Предавачи и презентери ќе бидат истакнати медиумски професионалци и експерти од Германија и Украина, како и од нашата земја. Бројот на учесници е ограничен. Пријавувањето за учество на семинарот почнува од денеска и трае до 1 декември, 17 часот. Работниот јазик на семинарот е англискиот.

Организаторите навестуваат дека по овој семинар ќе се отвори можност за понатамошна соработка со медиумската платформа на ЦИВИЛ, како и со други медиуми во регионот и во земјите на ЕУ.

Заинтересираните треба да пополнат Пријава за учество (ЛИНК).

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор