цеа

Наскоро две ЦЕА публикации за иницијативата Отворен Балкан

ЦЕНТАР ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ-ЦЕА СПРОВЕДУВА ЕДНОГОДИШЕН ПРОЕКТ НА ФОО СО НАСЛОВ: ОЦЕНКА И НАСОЧУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН

Поддржано од Фондација отворено оштество-Иницијатива за отворено општество за Европа

 Наскоро две публикации ќе бидат достапни на јавноста:

  1. Економските ефекти од иницијативата Отворен Балкан-ОБИ
    1. SWOT анализа
    2. Динамична SWOT анализа
    3. ОБИ инсајдери и аутсајдери
    4. Главни пораки за 6-те економии доколку сите се членки на ОБИ
    5. итн.
  2. Отворен Балкан, Берлински Процес-БП и acquis на ЕУ
    1. Анализа помеѓу БП и ОБИ
    2. Анализа на Меморандумите за разбирање и Договорите
    3. Компатибилност со ЕУ процесот
    4. итн.

 За проектот

 ПОЗАДИНА

Признавајќи ја ситуацијата со земјите од Балканот и почитувајќи го недостатокот од интерес на ЕУ за проширување, Претседателот на Србија Александар Вучиќ, Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и Премиерот на Албанија Еди Рама одлучија во октомври 2019 година да „ја земат судбниата во свои раце“ и ја лансираа идејата за воспоставување на „мини Шенген“. Во јули 2019 година оваа идеја еволвира во регионална иницијатива Отворен Балкан[1]”. Иницијативата не е супститут на ЕУ туку е патека за забрзување на членството во ЕУ и искористување на постоечките но и недоволни потенцијали на овие земји што може да овозможи дополнителен економски раст и развој и конечно, благосостојба на граѓаните.

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИМПУЛСОТ

Развивањето и култивирањето на добрососедски односи во Западен Балкан во очекување на економски просперитет ќе бара елиминирање на  контрола на границите и другите бариери за да се овозможи непречено движење на луѓе, добра и услуги и капитал во регионот. Анализата на регионалните разлики (на пример, приморскио наспроти внатрешни региони, NUTS 2 и NUTS 3 региони, урбани наспроти рурални, главни градови наспроти другите градови) во земјите од Отворен Балкан може да даде одговор за приоритетите за побрз раст и внатрешна конвергенција во регионот на Отворен Балкан. Во моментот недостасуваат соодветно елаборирани анализи за оценка на сите овие предизвици.

Искуството со Covid-19 епидемијата, кризата со храна и енергија, војната во Украина фрлаат светло на вноста од соработка и координација и взаемно разбирање и солидарност помеѓу земјите од Отворен Балкан. Внатрешната координација и соработка, размената на искуства и солидарност помеѓу земјите од регионот ќе донесе вредност за идната интеграција во ЕУ ако земјите од Отворен Балкан зборуваат со еден глас со ЕУ.

Надворешната околина на земјите од Отворен Балкан особено сега со војната во Украина ја потенцира важноста за соработка и координација и за взаемно разбирање и солидарност.

АЛТКИ И ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА СОРАБОТКА И КООРДИНАЦИЈА

Додека на политичко ниво демонструрана е политичка воља за Отворен Балкан сепак се уште на административно ниво т.е. на терен, луѓето се уште не можат да ја оценат корисноста од ваква инцијатива. Она што недостасува е најмалку истражувања базирани на факти за тесните грла во соработката на потенцијалите на 5-те земји во еден иден Отворен Балкан.

 АКТИВНОСТ НА ПРОЕКТОТ

Независна група на експерти од сите 6 земји од Отворен Балкан ги дијагностицираат и истражуваат тесните грла за соработка и координација помеѓу овие земји. Ова додава вредност на веќе демонстрирана политичка воља од 3 земји на Отворен Бакан како иницијатива за поструктуирана и посистематска патека и адресирање на приоритеите на таа патека за развој на оваа регионална иницијатива.

Продолжи со читање

  • WAVE: Зајакнување на улогата на жените во спортовите на отворено во Западен Балкан

    Спортот има моќ да инспирира, поврзува и создава заедници. Сепак, во многу спортски дисциплини, особено во outdoor спортовите, жените сè уште се соочуваат со ограничени можности за учество, лидерство и развој. Токму затоа проектот Women Actively Venturing Exploration (WAVE) е создаден со цел да придонесе кон поголема родова еднаквост и активно учество на жените во […]

  • Честит 8ми Март

    На ден пред меѓународниот ден на жената 8ми Март, на 7.3.2026 год. (сабота) извидниците од Велес изработија честитки кои ќе бидат доделени на своите мајки, баби и тетки, а и на сограѓанките на Велес. Со ова членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ке го честитаат празникот 8ми март…

  • 28 години братско живеење

    Пред дваесет и осум години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република…

  • Клучната улога на образованието во промоција на одржливинавики за управување со био отпадот

    Со зголемувањето на еколошките предизвици, важноста на едукацијата за управување со отпад станува сè поголема. Човечките активности значително придонесуваат за деградација на животната средина, со последици како глобално затоплување, загадување на водите и почвата и губење на биодиверзитетот. Иако технологијата и политиките играат значајна улога во решавањето на овие проблеми, образованието останува клучен инструмент за […]

  • „Снаоѓање“ или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем

    Овој извештај е подготвен во рамките на проектот „Посилни системи, поправедна грижа: елиминација на корупцијата во здравството“. Целта на овој 18-месечен проект е да се идентификуваат проблеми со корупцијата во здравствениот систем на Северна Македонија и преку поттикнување поголема транспарентност, отчетност и родово чувствително управување да се унапреди еднаквиот пристап…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор