Рурална Коалиција го даде својот придонес кој е насочен кон справувањето и ублажувањето на ефектите од климатските промени
Вториот настан на кој што денес Рурална Коалиција го даде својот придонес е насочен кон справувањето и ублажувањето на ефектите од климатските промени и тоа токму во секторите кои што се поврзани со животната средина, а меѓу кои што спаѓа исто така и земјоделството.
Програмската соработничка на Рурална Коалиција, Елизабета Р. Мрческа, денес на обуката “Поврзани сектори со климатски промени – Земјоделство/шумарство/сточарство“ во организација на “MilieuKontakt Macedonia” говореше на тема “Како и колку ќе се преструктурира земјоделскиот сектор како резултат на прилагодување на климатските промени “, при што би напоменале само неколку предизвици со кој што се соочува овој сектор и тоа:
-Ниска свест за придонесот на земјоделско производство во загадување на животната средина;
-Недоволно едукација, но и информација за климатските промени и нивните ефекти како врз земјоделското производство така и врз животната средина и квалитетот на живот во руралните средини;
-Сеуште глобален и генерален пристап на темата
-Недоволна вклученост на локалното население во процесите на креирање на политики и донесување на законски решенија, се помалку од друга страна имаме вода, имаме загаден воздух и почва, имаме намалено, неконкурентно и премногу осетливо локално производство на храна итн.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45559](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled_design1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45421](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/screenshot-53-768x421.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45424](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/ini-3-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45554](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/online-med-2-768x419.webp)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45557](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/ai-vo-redakciite-2-768x429.webp)
