Резултати од спроведениот проект Сликај, постирај, алармирај!

Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола, на настанот „Разбудете ја еко-свеста во себе“ организиран на 24.02.2018 год. ги презентира резултатите од реализираниот проект „Сликај, постирај, алармирај“ поддржан од Цивика Мобилитас.
На настанот, пред битолската јавност и градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, беа презентирани многубројни истражувања и анализи за аерозагадувањето со ПМ честички во месеците ноември, декември и јануари, беа презентирани кои се најзагадените населби во Битола со ПМ честички, причините за големото аерозагадување и предлог мерките кои ги предложивме за намалување на аерозагадувањето во градот.








![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41551](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/post-generic-image-1-768x461.jpg)
