[aggregator] downloaded image for imported item #39635

Регионални активности, НСП

Изминатиот викенд во Битола, во организација на Независниот синдикат на полицијата (НСП), се одржаа активности на кои присуствуваа претставници од повеќе синдикални организации од регионот – меѓу кои и Сојуз на синдикати 5та СИЛА, како и четири независни синдикати од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од Гласен синдикат, беше присутна, Кристина Ампева, во улога на генерална секретарка на 5та СИЛА.

На средбите беа разменети искуства за поуспешно синдикално организирање и претставување на работниците.

Во рамки на настанот беше одржана и Првата меѓународна конференција на тема „Синдикално заложништво“, организирана од НСП.
Активно учество земаа:

  • претседателот на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација,
  • четири полициски синдикати – членови на Балканската полициска унија,
  • претставници од Министерството за внатрешни работи,
  • претставници од апелационите судови и адвокатската фела,
  • Сојуз на синдикати 5та СИЛА,
  • како и претставник на Фондацијата Фридрих Еберт – копје.

Заклучоците од конференцијата се насочени кон почитување на уставно загарантираното право на членување, односно не-членување во синдикат (негативно право на синдикално организирање).

Овие ставови беа разгледани низ призма на домашното законодавство, меѓународните конвенции и повеќе од 10 пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Заклучоците детално ќе бидат разработени и доставени до надлежните миниатерства, институции, како и Владата на Република Македонија, со барање за нивно доследно прифаќање и спроведување.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор